Муртер е северно-далматински остров со површина од 17,58 км2.[1] На островот се наоѓаат неколку населби: Бетина, Тисно, Језеро и Муртер, која е најголема и најстара населба на островот, а со копното е поврзана со мал мост во местото Тисно. Денес островот Муртер е значајно туристичко одредиште, со бројни културно-историски споменици, природни плажи и ненаселени острови во близина.

Муртер
Муртер во 1995
Географија
МестоЈадранско Море
Координати43°48′N 15°36′E / 43.800° СГШ; 15.600° ИГД / 43.800; 15.600
АрхипелагШибеник
Површина18,7 км2
Највисоко издигнување125 м
Највисока точкаРадуч
Управување
Хрватска
ЖупанијаШибенско-книнска жупанија
Најголема населбаМуртер (pop. 2,010)
Демографија
Население5,192
Густина277,65 /km2 (71.911 /sq mi)
Етнички групи97.59% Хрвати
Местоположба на Муртер (црвено) во Јадранско Море
Мостот во Тисно

Историја уреди

Островот бил населен од страна на Илирите уште од најстари времиња. Островот, под името Скадрон, за првпат се споменува од грчкиот филозоф и географ Птоломеј. Историскиот континуитет се одржал и за време на владеењето на Римското Царство, што се гледа од остатоците на римската населба Колентум, бројни остатоци на римски вили, мурали и мозаици, расфрлени по копното и во морето. Остатоците од античкиот град Колентум, денес се во голема мера потопени во морето, и лежат во подножјето на ридот Градина, на северната страна од заливот Храмина. Населбата Колентум го доживеала својот зенит за време на владеењето на римските цареви Нерон (54 - 68 г.) и Веспазијан (69 - 79 г.), а монети од овој период се најдени во текот на првите археолошки истражувања кои биле направени од 1907 до 1909 година. Се претпоставува дека Колентум бил ограбен и разурнат на почетокот на 2 век од страна на пиратите, иако има индиции дека бил разурнат од земјотрес. Се смета дека словенското население, кога пристигнало на островот се населило на територијата на напуштената античка населба.

Под хрватското име „Сримач“ островот се споменува во 1251 година, кога унгарско-хрватскиот крал Бела, ги објавил границите на Шибеничката комуна. Во тоа време островот имал само две населби: Велико Село (Villa Magna), која денес се нарекува Муртер, и Језера, додека Бетина и Тисно биле изградени многу подоцна, при населувањето на пребегнатото население од турските напади.

Во 1298 година, Муртер имал 203 жители. Во Муртер и другите населби на островот, се користела глаголицата и босанчица сѐ до XVIII век. Во 1866 година, во Муртер била основана најстарата јавна библиотека во Далмација. Основно училиште и пошта биле отворени во 1877 година, а во 1910 година била основана Масларска задруга.

Островот Муртер за првпат се споменува под името „Insula Mortari“ во 1318 година, според кое име подоцна бил наречен градот Муртер. Сегашното име на островот се користи од 1740 година.

Стопанство уреди

Поголемиот дел од островот е засаден со стари маслинови насади и смоквини дрва, што биле и останале традиционални култури, кои се одгледуваат од месните жители. Шибеничкиот историчар Динко Заворовиќ, во 1597 година запишал дека островот е добро обработен и дека на него се произведува врвно вино. Освен со земјоделство, жителите на островот се занимавале и со бродоградба (градење на традиционални дрвени чамци гајета, логер, леут), со риболов и сточарство. Денес главна стопанска дејност е туризмот.

Познати личности уреди

  • На Муртер, во родниот крај на своите родители, бил погребан Лука Скрачиќ, кој загинал при бомбардирањето на Загреб.[2]
  • Хрватскиот новинар Јерко Скрачиќ.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „COASTLINE LENGTHS AND AREAS OF ISLANDS IN THE CROATIAN PART OF THE ADRIATIC SEA DETERMINED FROM THE TOPOGRAPHIC MAPS AT THE SCALE OF 1 : 25 000“ (PDF).
  2. „Štivo - Odsjek snimanja ADU Zagreb“. www.snimanje.adu.hr. Посетено на 2018-12-15.[мртва врска]