Мурат (река)

река во Турција

Мурат (турски: Murat Nehri), Источен Еуфрат или Арсаниј (од старогрчки: Ἀρσανίας) — река во Турција и еден од покрупните водотеци што го сочинуваат Еуфрат. Извира кај планината Арарат северно од езерото Ван во источна Турција и тече на запад низ планински предели, во должина од 722 км. Пред изградбата на браната „Кебан“, Мурат се влевал во реката Карасу, 10 км северно од неа и 13 км северно од градот Кебан.[1]

Murat River
Murat Nehri
Местоположба
Физички особености
УстиеКарасу, кај Кебан, Елазиг
 • надм. вис.
820 м
Должина722 км
Особености на сливот
Речен сливЕуфрат
Мурат (река) во рамките на Turkey
Извор
Устие
Местоположба на изворот и устието на Мурат

Во покраината Муш, течението е прекинато со браната „Алпаслан-1“, изградена во 2009 г. Во подолниот дел од течението се работи на браната „Алпаслан-2“, чија изградба треба да заврши во 2016 г. На крајот, реката се влева во хидроакумулацијата на Кебан.[2]

Наводи уреди

  1. „Фидбал на замрзнатата река“. Turkish Daily News. 2004-12-31.
  2. „Мурат“. Енциклопедија „Британика“. Посетено на 2008-02-16.

Надворешни врски уреди

Координати: 39°24′N 43°45′E / 39.400° СГШ; 43.750° ИГД / 39.400; 43.750