Мулде (германски: Mulde) — река во Саксонија и Саксонија-Анхалт, Германија. Таа е лева притока на Елба и е 124 километри долга.

Мулде
Местоположба
Физички особености
УстиеЕлба
51°52′08″N 12°13′52″E / 51.86889° СГШ; 12.23111° ИГД / 51.86889; 12.23111
Должина124 км (290 км, вкл. ја и Цвикауер Мулде)
Особености на сливот

Реката се формира со влевање, во близина на Колдиц, на Цвикауер Мулде (тече низ Цвикау) и на Фрајбергер Мулде (Фрајберг е на нејзините брегови), двете извираат од Рудните Планини. Оттука реката тече кон север низ Саксонија (Грима, Вурцен, Ајленбург, Бад Дибен) и Саксонија-Анхалт (Јесниц и Десау, стариот главен град на Анхалт). Мулде се влева во Елба на 3 километри северно од Десау.[1]

Во август 2022, поплавата предизвика неколку оштетувања, кои дури го загрозија и светското природно наследство на УНЕСКОГрадинарско кралство Десау-Верлиц“ и градот Десау. Особено градовите Дебелн и Грима страдаа од штетите од поплавата.

Нејзиното име може да доаѓа од старогерманскиот (можеби готски) „Мулда“, што значи „жед“. Но, поверојатно е дека е поврзано со германскиот „mahlen“, што означува „меле“. Затоа, Мулде веројатно значи „река што меле“ и се поврзуваат бројните воденици на реката што постоеле некогаш. Денес, таму има хидроелектрични централи во употреба.

Наводи уреди