Музејот Орсе е музеј во Париз, на реката Сена отворен во 1986 г. Во истата зграда претходно била сместена железничката станица Гар д'Орсе. Музејот има поставка од француската уметност од 1848.-1915 година, вклучувајќи слики, скулптури, мебел и фотографии. Најпознат е по големата колекција на ремек-дела на импресионистите: сликите на Моне, Дега, Реноар и Сезан.

Музеј Орсе
Главната сала на музејот Орсе
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Paris" does not exist
Карта
Основан1986
МестоRue de Lille 75343 Paris, France
Координати48°51′36″N 2°19′37″E / 48.860° СГШ; 2.327° ИГД / 48.860; 2.327
ТипЛиковен музеј, Дизајнерски/Текстилен Музеј, Знаменитост[1]
Посетеност3.0 милиони (2009)[2]
ДиректорСерж Лемоан
Јавен превозСолферино
Музеј Орсе
Мреж. местоwww.musee-orsay.fr

Историја уреди

Зградата на музејот оригинално била железничка станица, Гар д'Орсе, изградена во 1900 година, од која поаѓале возовите во правец на Орлеан. Во 1977 година започнала реконструкцијата и нејзината пренамена во музеј, која била завршена во 1986. Музејот сега има 20.000 м² импресивен изложбен простор на четири ката.

Музејот се наоѓа на местото на палатата Орсе, изградена во 1810 година и украсена со фрески на Теодор Шасерио[3], каде во 1840 година се наоѓал Државниот совет, на приземјето. Палатата била опожарена во 1871 година за време на Париската комуна и оставена во урнатина сè до изградбата на железничката станица Гар д’Орсе пред Светската изложба во 1900 година.

Западната тераса била изградена во 1985 година и има многу статуи чија група наречена Статуи од 6 континенти, првично била поставена на терасата на Трокадеро палатата за време на Светската изложба на 1878[4].

Музејот Орсе кој дотогаш бил железничката станица за првпат бил отворен на 9 декември 1986 година. За да се овозможи неговата трансформација во музеј на уметноста на 19 век, по волјата на претседателот Валери Жискар Дестен, зградата била преправена 1983-1986 од страна на архитектите Рено Бардон, Пјер Колбок и Жан-Пол Филипон, победници на архитектонскиот конкурс кој се одржал во 1979 година, подоцна им се приклучил и италијанскиот архитект Гае Ауленти.

Ноќта на 6 октомври 2007 година, за време на Белите ноќи, непознати лица во музејот сериозно оштетиле една слика од Клод Моне, Мостот на Аржентеј (француски: Le Pont d'Argenteuil), од 1874 година. Сликата потоа била реконструирана.

 
Музејот Орсе, поглед од десниот брег на Сена.
 
Сезан: Јаболки и портокали, околу 1899

Збирка уреди

 
Ѕвездена ноќ над Рона, Винсент Ван Гог
 
Мане: Доручек на трева, 1862-3
 
Реноар: Бал во Мулин де ла Галет, Монтмартр, 1876

Сликарство уреди

Музејот Орсе ја чува најголемата колекција на слики на импресионистите (над 480 платна)[5] и постимпресионисти (повеќе од 600 слики од нео-импресионистите, симболистите, набис итн) во светот, како и група слики од школата на Барбизон, реалистични, натуралистички, ориенталистички и академски, вклучувајќи и странски школи. Речиси 5.200 слики ја сочинуваат музејската збирка, но голем број дела, околу 1.720 слики, вклучително и околу 100 за кои не се знае каде се или се уништени, се депонирани во јавни згради или провинциски музеи.

Поважни слики уреди

Галерија на дела изложени во музејот уреди

Скулптури уреди

 
Сафо, 1852 Прадиер
 
Жан Батист Карпо: Четирите страни на светот ја држат небесната сфера

Неокласицизам уреди

Романтизам уреди

  • Пјер-Жан Давид од Анжер (Анжер, 1788-Париз, 1856)

Гете, 1829-1831, гипс

  • Франсоа Руде (Дижон, 1784-Париз, 1855)

Наполеон се буди за бесмртност, 1845, гипс

  • Огист Прео (Париз, 1809-1879)

Офелија, 1842, бронза

Еклектицизам на Втората империја уреди

Уголино и неговите деца, 1860, бронза

Принцезата Матилда, 1862, мермер

Царскиот принц и неговото куче Нерон, 1865 година, мермер

Четири страни на светот кои ја поддржуваат небесната сфера, 1868-1872, лакирани влакна од гипс

Танц, 1869 година, депониран од Опера Гарние

 
Природата и се открива на науката (1899). Автор: Ернест Бариас (1841-1909). Музеј Орсе, Париз

Еклектицизам на Третата Република уреди

Данте Алигиери, 1879, бронза

Сузан, 1895, мермер

Луј-Ернест Баријас (Париз, 1841-1905)

Биста на Жорж Клерин, сликар, 1875, теракота

Нубијците (Ловци на алигатори), 1894, гипс гипс

Природата и се открива на науката, 1899, мермер, оникс, гранит, малахит

  • Фредерик Аугуст Бартолди (Колмар, 1834-Париз, 1904)

Статуа на слободата, 1889, бронза

Белфорски лав, 1900, бронзено бареле

  • Жил Кутан (Париз, 1848-1939)

Ловци на орли, 1900, гипс

 
Глави на Домие Дорсе

Реализам уреди

Познати личности од Праведна средина, околу 1832, 36 карикатури во обоена сурова земја

Ратапоил, околу 1851 година, бронза

  • Жил Далу (Париз, 1838-1902), 91 скулптури од кои:

Ковач 1886, студија, патиниран малтер

Република, 1879, скица на теракота

Големиот селанец, 1904 година, бронза

Импресионизам и Огист Роден уреди

Позначајни вајари во овој правец се:

Франсоа Руд, Жил Кавелие, Жан Батист Карпо, Огист Роден, Пол Гоген, Камиј Клодел и Оноре Думие.

Други дела уреди

Музејот има и колекции на:

  • архитектура и декоративни уметности
  • фотографија

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Musée d'Orsay: About“. ARTINFO. 2008. Посетено на 30 July 2008. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Exhibition and museum attendance figures 2009“ (PDF). London: The Art Newspaper. April 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-02. Посетено на 20 May 2010.
  3. Rodríguez Castresana, Elisa (2017-10-26). „Le Musée européen des copies de Charles Blanc comme « pendant » du Louvre“. Les cahiers de l'École du Louvre (11). doi:10.4000/cel.731. ISSN 2262-208X.
  4. Delalain, Paul. Étude sur le Libraire Parisien du XIIIe au XVe Siècle. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 53–55. ISBN 9781139175814.
  5. Вклучително 64 платна на Гоген, Ван Гог и Тулуза Лотрек.