Мрежи на попладнето

Мрежи на попладнето (англиски: Meshes of the Afternoon) - американски краток филм (во траење од 14 минути) од 1943 година во режија на брачниот пар Маја Дерен и Александер Хамид, кои истовремено ги толкуваат и улогите. Во 1990 година, филмот бил сочуван во Националниот филмски регистер на САД.[1]

Мрежи на попладневните часови

Синопсис уреди

Млада жена (ја игра Дерен) влегува во куќата и заспива, сонувајќи како женска прилика, облечена во црна мантија и без лице, поминува крај куќата со цвет во раката, а по неа трча таа. Непознатата жена без лице си заминува, а жената влегува во куќата каде се гледа себеси како спие. Потоа, низ прозорецот, таа ја гледа жената во црна мантија и себеси како трча по неа. Повторно, таа влегува во куќата, а пред неа по скалите се качува жената во црна мантија. Жената ја следи, а мистериозната женска прилика исчезнува. Повторно, жената гледа низ прозорецот како поминува жената без лице и себеси како трча по неа. Потоа, таа пак влегува во куќата, каде здогледува уште две жени, потполно исти како неа. Таа се качува по скалите, го зема ножот и се доближува до жената која спие, а во тој миг, таа ги отвора очите и пред неа стои млад маж (го игра Хамид). Жената го зема ножот и замавнува кон него и тогаш се крши стаклото. Во последната сцена, младиот маж влегува во куќата и ја здогледува жената облеана во крв, а околу неа лежат парчиња скршено стакло.[2]

Наводи уреди