Мрежа на Агенцијата за напредни истражувачки проекти

Мрежата на Агенцијата за напредни истражувачки проекти (на англиски: Advanced Research Projects Agency Network), ARPANET, е првата светска операционална мрежа за комутација на пакети и мрежното јадро од кое почна да се создава глобалниот Интернет. Мрежата е создадена од страна на мала истражувачка екипа во Институтот за технологија во Масачусетс и Одбранбената Агенција за напредно истражувачки проекти (англиски: DARPA), која е под контрола на Министерството за одбрана на САД. Целиот дизајн на насочување е направен според дизајните на Лоренс Робертс од Лабораторијата на Линколн.

Арпанет логичка карта, март 1977 година

Насочувањето на пакети денес е доминантен начин за податочна комуникација насекаде низ светот, меѓутоа, во почетоците на АРПАНЕТ било сосема нов концепт. Податочното комуницирање се темелело на идејата за комутација на кола, на пример како телефонско коло, каде телефонски повик резервира одредено коло за временски период на комуникациската сесија и комуникацијата е можна само помеѓу двете поврзани страни.

Со насочувањето на пакети, еден податочен систем користи една комуникациска врска да комуницира со повеќе од една машина, со собирање на податоците во дијаграми и пренесувајќи ги како пакети во мрежната врска, кога таа врска не се употребува. Со ова, не само што врската може да се дели, туку и еден пакет може да биде насочен независно од другите пакети.

Историја уреди

Најраните идеи за компјутерски мрежи, кои имаа за цел да дозволат општа комуникација помеѓу компјутерите, биле формулирани од страна на компјутерскиот научник Ј.С.Р. Ликлидер, од компанијата Болт, Беранек и Њуман (англиски: Bolt, Beranek & Newman) во август, 1962. Овие идеи содржеле сѐ што има во денешниот Интернет. Во октомври, 1963, во МО на САД, Ликлидер бил назначен за шеф на Контролните програми за однесувачки системи и команди во тогашната агенција за напредно-истражувачки проекти (тогашна ARPA). Тој тогаш ги убедил Иван Сатерленд и Боб Тејлор дека овој концепт за компјутерска мрежа е многу важен.

ARPA и Боб Тејлор продолжиле со нивното интересирање за правењето на ваква компјутерска мрежа, дел заради тоа што сакале да дозволат истражувачите на АРПА на различни корпоративни и академски центри да ги користат компјутерите донирани од АРПА, а и дел заради тоа што сакале да направат нов софтвер, со кој побрзо добиваат резултати од истражувањата и истите резултати да бидат широко достапни.

Создавање уреди

До средината на 1968, Тејлор подготвил комплтене план за компјутерска мрежа, и откако добил одбрување од АРПА, барање за наддавање било поднесено до 140 потенцијални понудувачи.

Само 12 се пријавиле за да ја изградат мрежата, од кои по разгледувањето на АРПА, само 4 биле рангирани како најдобри понудувачи. На крајот на годината, АРПА избрала два понудувачи, а на 7 април 1969, компанијата ББН Технологии била избрана за победник. Почетниот тим бил составен од седум луѓе и набрзо биле продуцирани првите компјутери кои функционираат. Предлогот на ББН бил сличен со оној на Тејлор: мрежа составена од мали компјутери, наречени обработувачи за интерфејсни пораки (англиски: IMP), кои поврзувале локални ресурси. На секое место, IMP-овите произведувале функции за зачувување и препраќање на пакетите, и биле поврзани со модеми, а достигнувале 50 килобитови во секунда. Домаќин-компјутерите биле вклучени на IMP-овите преку подесливи интерфејси за сериска комуникација. Системот, односно и хардверот и софтверот биле дизајнирани и инсталирани за девет месеци.

Првичниот АРПАНЕТ се содржел од 4 IMP-ови, кои биле сместени на Универзитетот во Калифорнија (УКЛА), Инстутот за истражување Стенфорд, Универзитетот Санта Барбара и Универзитетот во Јута. Првата порака преку АРПАНЕТ-от била пратена од страна на програмерот на УКЛА, Чарли Клајн, во 20.30 часот на 29 октомври, 1969 година. Пораката се состоела од зборот „login“. Буквите л и о се пратиле, додека после тоа системот престанал да функционира. После 4 часа поправки, системот успешно ја пратил пораката „login“. Првата постојана врска била поставена меѓу Универзитетот УКЛА и Институтот за истражување на Стенфорд.

Софтвери и протоколи уреди

Почетната точка за комуникација од типот домаќин на домаќин бил протоколот (англиски: ББН), кој го дефинирал преносот на пораки преку IMP-овите. Пораката се содржла од тип на порака, бројчена адреса за домаќинот и податочно поле. За да се следи податочна порака на друг домаќин, испраќачкиот домаќин формира податочна порака која ја содржи адресата на примачкиот домаќин и пораката која се праќа, а тогаш ја праќа порака преку интерфејсот на протоколот 1822. Кога пораката ќе се пратела на примачкиот домаќин, тогаш тој праќал порака за потврда на добиената порака (англиски: RFNM).

Мрежна примена уреди

Програмата за контрола на мрежата обезбедувала стандардно множество на мрежни услуги кои можеле да бидат поделени помеѓу повеќе апликации кои работеле на еден домаќин-компјутер. Ова довело до еволуција на апликациските протоколи кои оперирале, помалку или повеќе, без разлика за мрежната услуга. Кога АРПАНЕТ се префрлил на Интернет протоколите во 1983, поголемиот дел на апликации исто така се префрлиле заедно со него.

  • Е-пошта: во 1971, Реј Томлинсон ја пратил првата мрежна е-пошта. До 1973, 75% од сообраќајот на АРПАНЕТ се содржел од електронска пошта.
  • Пренос на податотеки: До 1973, деталите за Протоколот за трансфер на податотеки (англиски: FTP) биле дефинирани и вградени, овозможувајќи пренос на податотеки преку АРПАНЕТ-от.
  • Гласовен пренос: деталите за Протоколот за мрежен глас (англиски: NVP) биде дефинирани, и нешто подоцна вградени, но поради техничките проблеми, конференциските повици никогаш не профункционирале како што треба.

Ширење уреди

Во март, 1970, АРПАНЕТ достигнал до источниот брег на САД, кога компанија на ББН била приклучена на мрежата. Со сѐ поголем развој, мрежата се ширела и до 1981, 213 компјутери-домаќини биле приклучени на АРПАНЕТ. Во 1968, две сателитски врски, кои поминувале меѓу Тихиот Океан и Атлантикот, до Хаваи и Норвешка биле поврзани на АРПАНЕТ.

Развој уреди

Во 1975, ББН произвела IMP софтвер, кој функионирал на Pluribus мулти-процесор, а во 1981 ББМ го претставила новиот софтвер кој функционирал на свој споствен C/30 процесор. Со развојот АРПАНЕТ-от, се ширеле и гласини кои велеле дека АРПАНЕТ-от е отпорен на јадрен напад, но тоа не е точно, што го потврдува и директорот на АРПА, Чарлс Херзфелд.

Надворешни врски уреди