Мојанци (Кочанско)

село во Општина Кочани

Мојанци — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.

Мојанци
Мојанци во рамките на Македонија
Мојанци
Местоположба на Мојанци во Македонија
Мојанци на карта

Карта

Координати 41°51′36″N 22°23′04″E / 41.86000° СГШ; 22.38444° ИГД / 41.86000; 22.38444
Општина Кочани
Население 385 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Шифра на КО 13022
Надм. вис. 310 м
Мојанци на општинската карта

Атарот на Мојанци во рамките на општината
Мојанци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Мојанци се наоѓа на десната страна од патот Штип-Кочани, оддалечено околу 3 километри пред Кочани.

Селото се наоѓа на дното од Кочанска Котлина на надморска височина од 312 метри. Опкружено со плодно поле со првокласна обработлива почва и прекрасни оризови полиња.

На југ, на оддалеченост од околу 6 километри почнуваат северните падини на планината Плачковица. На север на околу 6 километри почнуваат јужните падини на Осоговските Планини. На југ на околу 1.5 километри од Мојанци тече реката Брегалница.

Историја уреди

Селото е основано помеѓу двете светски војни, во времето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во тој период Србија водела интензивна кампања за колонизација на Македонија како дел од стратегијата за посрбување. Бидејќи селото лежи во плодната Кочанска Котлина на земјоделско земјиште од прва класа истото било колонизирано, а земјата доделена на српски семејства. Македонското население било работна сила за обработка на земјата, ситуацијата наликувала многу на феудализам од средниот век.

По Втората светска војна на дел од жителите им биле доделени земјоделски површини.

Подоцна, кога настапила насила денационализацијата, дел од земјата пак им е одземена на земјоделците и формирани се т.н. задруги. По 1999 година откако отпочна посериозен процес на денационализација во Република Македонија, дел од земјата повторно им се врати на поранешните сопственици.

По Втората светска војна, во селото се населиле семејства од Кривопаланечкиот крај, како и ромски православни семејства кои сега се околу 15% по бројност во ова село од околу 150 куќи.

Стопанство уреди

Иако малку семејства поседуваат повеќе од 1 хектар обработливо земјиште, сепак земјоделството е клучна дејност, посебно одгледувањето на ориз, раноградинарски производи (пипер, домат итн.) Поголемиот дел од семејствата се занимаваат со земјоделство како споредна дејност додека се вработени во Кочани, Виница или Штип. Во периодот после 1990 година, селото се соочува со егзодус кој главно се должи на лошите социо-економски услови во Македонија. Најголемиот број на млади заминуваат на работа и остануваат да живеат во Италија. Во помал дел заминуваат и во други западноевропски и прекуокеански земји.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948228—    
1953369+61.8%
1961507+37.4%
1971574+13.2%
1981585+1.9%
ГодинаНас.±%
1991606+3.6%
1994578−4.6%
2002556−3.8%
2021385−30.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мојанци живееле 125 жители, од кои 75 Македонци и 50 Роми. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мојанци имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 48 Роми.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[3]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 556 жители, од кои 554 Македонци и 2 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 385 жители, од кои 361 Македонец и 24 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 125 144 228 369 507 574 585 606 578 556 385
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови уреди

Мојанци е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 866 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на ресторант на задругата.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 443 гласачи.[12]

Спорт уреди

Во селото најпопуларен е фудбалот и има турнири за големите празници во кои учествуваат голем број локални фудбалски клубови.

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди