Мостот за Терабитија (филм од 2007)

Мостот за Терабитија, познат и како Мостот до Терабитија — филм од 2007 режиран од Габор Ксупо (соосновач на Klasky-Csupo) за Walt Disney Pictures и Walden Media, заснован на романот на Кетрин Петерсон, со истото име. Филмот беше издаден 16 февруари, 2007 во САД и Канада и 16 јуни, 2007 во Нов Зеланд. Филмот беше втор на бокс офисот во САД и Канада за време на првиот викенд на прикажување. Беше рангиран PG поради тематските елементи вклучувајќи го малтретирањето на училиште.

„Мостот за Терабитија
Bridge to Terabithia“
Промотивниот постер
РежисерГабор Ксупо
ПродуцентДејвид Патерсон
Лорен Левин
Хал Либермен
СценаристКетрин Петерсон (книга)
Дејвид Л. Патерсон
Џеф Стоквел
Главни улогиЏош Хатчерсон
АнаСофаја Роб
Роберт Патрик
Бејли Медисон
Зуи Десканел
МузикаАрон Зигмен
КинематографијаМајкл Чапмен
МонтажаЏон Гилберт
ДистрибутерWalt Disney Pictures (САД)
Walden Media
Paramount Pictures (Латино Америка)
Премиера16 февруари, 2007
Времетраење96 мин.
ЗемјаСАД
Нов Зеланд
ЈазикАнглески
Буџет$60,000,000
Бруто заработка$133,887,109

Содржина уреди

Дванаесет годишно момче по име Џеси „Џес“ Аронс (Џош Хатчерсон) е мирно момче кое има прекрасни уметнички вештини. Џес живее во големо семејство кое е во финансиска криза. Дванаесет годишната Лесли Бурк (АнаСофија Роб) е новото девојче во училиштето кое има потешкотии наоѓајќи пријатели но и покрај тоа сепак е полна со радост и среќа и има бујна фантазија. Таа се пријавува на една училишна трка на која победува покрај тоа што и нагласуваат дека е трка само за момчиња. На почетокот, Џес е доста повреден поради ова и не сака да има ништо со Лесли, но упорноста на Лесли да го запознае подоцна се исплатува и брзо по тоа двајцата стануваат многу блиски пријатели. Џес и ја покажува својата љубов кон уметноста на Лесли и таа се воодушевува. Заедно влегуваат во шумата, каде наоѓаат едно цврсто јаже со кое ја поминуваат реката и на другата страна наоѓаат напуштена куќичка на дрво. Тука, двајцата измислуваат еден свет кој го нарекуваат Терабитија и тој оживува како што тие си замислуваат дека тој изгледа. Назад во „реалниот“ свет, двајцата патат од лоши деца на училиште. Лесли му дава на Џес неочекуван роденденски подарок, комплет боици за цртање и тој и дава куче на Лесли (Принц Териен) за возврат. На следното патување за Терабитија јасно се покажува дека нивото на водата се зголемило или пак јажето се подискинало бидејќи кога ја преминуваат реката јасно се гледа дека нозете ја допираат водата.

На крајот на ова патување, Џес ја погледнува Лесли како си оди накај дома, (на истиот начин на кој ќе ја гледа наставничката по музичко, г-ѓа Едмундс) и наеднаш сфаќа дека се заљубил во неа. Рано следното утро, наставничката Едмундс (Зуи Десканел), која ги забележува уметничките вештини на Џес, му се јавува да го викне на мала посета во уметничкиот музеј. Тој се обидува да ја праша мајка му дали смее да оди во музејот, а таа поспана само пушта некои крик и Џес претпоставува дека таа се согласува. Бидејќи тој е заљубен во прекрасната наставничка не сака да ја викне и Лесли да дојде со нив, тој само погледнува накај нејзиниот дом како што одат накај музејот.

Кога се враќа, неговиот татко (Роберт Патрик) и мајка му се презагрижени, незнаејќи каде е Џес цел ден. Тие му ги кажуваат тажните вести дека Лесли умрела обидувајќи се да ја премине реката. Јажето се скинало и таа паднала во водата удирајќи ја главата на нешто веројатно камен што ја онесвестило. Џес е шокиран и заедно со мајка му и татко му одат да оддадат сочувство на родителите на Лесли.

Џес се чувствува виновен за нејзината смрт но татко му го разубедува дека не е така. По ова Џес ја презамислува Терабитија и гради мост за да добредојде нов владител. Тој ја поканува сестра му, Мејбел Аронс (Бејли Медисон) да биде новиот владител. Тие ја замислуваат Терабитија поубава од кога и да е и заедно прогласени како крал и принцеза почнуваат да владеаат со Терабитија.[1][2]

Наводи уреди

  1. Official website (the plot synopsis is listed in the "About the Movie" section, under the heading "Story")
  2. Bridge to Terabithia movie stays true says author Архивирано на 4 јануари 2008 г. Retrieved February 15, 2007