Морфолошка типологија

Морфолошката типологија е дисциплина на јазичната типологија, која ги класифицира јазиците според заедничките морфолошки конструкции. Оваа типологија прво ја развиле браќата Карл Вилхелм Фридрих фон Шлегел и Аугуст Вилхелм фон Шлегел. Оваа дисциплина ги класифицира јазиците според тоа како јазиците создаваат зборови со помош на морфеми. Според тоа, јазиците се делат на две основни групи: аналитички и синтетички јазици.

Јазична типологија
морфолошка типологија
изолативен јазик
синтетичен јазик
полисинтетичен јазик
флективен јазик
аглутинативен јазик
морфосинтаксна типологија
морфосинтаксно порамнување
номинативно-акузативен јазик
ергативно-апсолутивен јазик
поделба на ергативност
австронезиско порамнување
активно-статичен јазик
тродолен јазик
номинативно-апсолутивен јазик
директно-спротивен јазик
синтаксен центар
улога тета
збороред
прирок-предмет
подмет-прирок-предмет
прирок-подмет-предмет
прирок-предмет-подмет
предмет-прирок
подмет-предмет-прирок
предмет-подмет-прирок
предмет-прирок-подмет
време-начин-место
место-начин-време

Аналитички јазици уреди

Аналитичките јазици имаат мал број морфми, односно соодносот на морфеми со зборови е многу мал. Речениците кај аналитичките јазици се составени од независни морфеми, корени. Граматичките односи меѓу зборовите се изразени со посебни зборови, кои пак може да бидат искажани со афикси, но таквите се присутни во мал степен. Кај зборовите има многу мала морфолошка промена, или пак истата воопшто ја нема. Граматичките категории се искажуваат со збороредот или пак со користење на дополнителни зборови (на приме „многу“ наместо наставки за множина). Кај овие јазици контекстот и синтаксата имаат важна улога, поважна улога од самата морфологија. Примери за аналитички јазици се источноазиските јазици, како на пример кинескиот и виетнамскиот, меѓу другите.

Синтетички јазици уреди

Синтетичните јазици создаваат зборови со додавање морфеми кон коренот на зборот. Морфемите може да бидат разграничени од корените, но и не мора да значи. Тие може да бидат споени. Збороредот кај овие јазици не е толку важен, за разлика од аналитичките, бидејќи самите зборови имаат граматички значења и морфолошките односи не се искажуваат толку со збороред. Исто така, кај овие јазици има голем степен на усогласување меѓу различни зборовни групи во рамките на една реченица. Така, кај овие јазици морфологијата е многу позначајна за разлика од синтаксата. Синтетичките јазици се делат на: аглутинативни и флективни.

Аглутинативни јазици уреди

Аглутинативните јазици имаат зборови кои содржат по неколку морфеми кои секогаш се јасно разграничени една од друга, така што секоја морфема претставува само едно граматичко значење. Границите меѓу морфемите лесно се увидуваат. Аглутинативните јазици имаат голем број морфеми за еден збор и морфологијата е правилна. Примери за аглутинативни јазици се финскиот, корејскиот, унгарскиот, турскиот и јапонскиот, меѓу другите.

Флективни јазици уреди

Кај флективните јазици (познати и како фузионални јазици) не се сосема јасно разграничени од коренот на зборот. Неколку граматички значења може да бидат споени во еден афикс. Морфемите може да се искажат со внатрешни промени во коренот на зборот, како што се согласна или самогласна градација или суперсегментални особености како што се акцентот или тонот. Повеќето индоевропски јазици се флективни до одреден степен.

Полисинтетичен јазици уреди

Во 1836 година, Вилхелм фон Хумболт предложил трета категорија за класификација на јазиците, која ја нарекол „полисинтетична“. Во лингвистиката за првпат поимот го искористил Пјер Етјен Дупонко. Овие јазици имаат висок сооднос на морфема со збор, правилна морфологија и тенденција глаголските форми да вклучат морфеми кои се однесуваат на неколку аргументи покрај подметот. Друга особеност на полисинтетичкиот јазик е „можноста да се создадат зборови кои се еквивалентни на една цела реченица кај друг јазик“. Така, разликата меѓу синтетичките и полисинтетичките јазици е релативна. Повеќето американски јазици се полисинтетички, а инуктитут е еден пример каде зборот tavvakiqutiqarpiit може да се преведе како „Дали имате тутун за продавање?“

Надворешни врски уреди