Мордор (на синдарински Црна земја и на квенја Земјата на Сенката) е земјата во која живее „непријателот“ Саурон во измислениот свет на делата на Џ. Р. Р. Толкин наречен Средна земја. Мордор се наоѓа на југоисток од Средна земја источно од големата река Андуин. Единствената планина во Мордор, Ородруин била одредиштето на ликовите од Дружината на Прстенот (а потоа на Фродо Багинс и Семвајз Гамџи) во нивната потрага за уништување на Единствениот Прстен опишана во Господарот на прстените. Мордор бил единствен бидејќи го обиколувале три огромни планински венци, од север, запад и од југ. Планините строго ја заштитувале земјата од инвазија и го спречувале бегството на сите оние кои живееле во Мордор ( слуги на Саурон )

Знаме на Мордор кое го прикажује окото на Саурон