Мон Сен Мишел (француски: Le Mont Saint-Michel; буквално: Планина Сен Мишел) — остров и општина во Долна Нормандија, Франција. Се наоѓа на околу еден километар од северозападниот брег на земјата, на устието на реката Куеснон во близина на Авранш. Островот е голем 100 хектари, а населението брои 44 луѓе (2009).[1]

Мон Сен Мишел
Le Mont Saint-Michel
Поглед на Мон Сен Мишел
Поглед на Мон Сен Мишел
Грб на Мон Сен Мишел
Мон Сен Мишел is located in Франција
Мон Сен Мишел
Мон Сен Мишел
Местоположба во регионот Долна Нормандија
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Basse-Normandie" does not exist|270px|Мон Сен Мишел во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Basse-Normandie" does not exist]]
Мон Сен Мишел
Координати: 48°38′10″N 1°30′41″W / 48.636° СГШ; 1.5114° ЗГД / 48.636; -1.5114
ЗемјаФранција
РегионДолна Нормандија
ДепартманМанш
ОкругАвранш
КантонПонторсон
Општ. заедницаПонторсон - Мон Сен Мишел
Управа
 • Градоначалник (2014-2020) Јан Жалтон
Површина10,97 км2 (37 ми2)
Население (2008)243
 • Густина0,44/км2 (1,1/ми2)
INSEE/Пошт. бр.50353 / 50116
Надм. висина5 м )
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Островот има стратешки утврдувања уште од античките времиња, а од 8 век од н.е. е седиште на манастирот од кој го добил своето име.Структурната композиција на градот е пример за феудалното општество кое го изградило. На врвот се Бог , опатијата и манастирот , под нив се наоѓаат големите сали , потоа продавниците и куќите, и на долниот дел , надвор од ѕидовите, куќите на рибарите и фармерите. Тој е лесно достапен за бројните верници на неговата опатија за време на осека, поради неговата уникатна позиција на остров, кој се наоѓа на само 600 метри од копното. Исто така, тој е лесно одбранлив поради неговата позиција ,бидејќи благодарение на плимата напаѓачите биле заробувани или се давеле. Со капитализирање на оваа природна одбрана, планината не беше освоена за време на стогодишната војна , благодарение на малиот гарнизон кој успешно ја одбрани против нападот од страна на Англија во 1433 година. Придобивките од неговата природна одбрана не биле загубени ни за време на Луј XI кој ја претвори планината во државен затвор, а потоа опатијата почна да се користи редовно како затвор за време на Античкиот Режим во XVI век. Мон Сен Мишел и неговиот залив се едни од најпрепознатливите обележја на Франција,тие се дел од списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО и повеќе од 3 милиони луѓе ги посетуваат секоја година.

Географија уреди

Формирање уреди

Сегашниот карпестиот приливен остров , во праисторијата бил на копно. Како што се зголемувало нивото на морето, ерозијата го преобликувала крајбрежниот предел, и неколку слоеви од гранит или гранулит се појавиле на заливот, откако се спротивставиле на силата океанот подобро од околните карпи. Тука спаѓаат Lillemer, Mont-Dol, Tombelaine( островот кој се наоѓа на север), и Mont Tombe( Мон Томб), подоцна наречен Мон Сен Мишел. Планината има периметар од околу 960 метри и нејзината највисока точка изнесува 92 метри (301 стапки) надморска височина.

Плима и осека уреди

Плимата и осеката може да варирaат во голема мера, околу 14 метри (46 стапки на плажите на соседниот брег. Полдеризацијата и повремените поплави создале ливади од сол и блато, кои се совршено прилагодени за пасење овци . Од добро зачинетото месо што произлегува од исхраната на овците во pré salé (солената ливада), се прави agneau de pré-salé (јагнешко од солената ливада ) ,локален специјалитет што може да се најде на менијата на рестораните, кои зависат од приходите од бројните посетители на планината.

Приливен остров уреди

 
Осека во 2005г.

Мон Сен Мишел во минатото бил поврзан со копното преку насип т.е. патека која била покриена за време на плима и се откривала за време на осека . Оваа врска се променила во текот на вековите. Крајбрежните рамнини се полдеризирале за да се создадат пасишта, со што растојанието помеѓу брегот и јужното крајбрежје на Мон Сен Мишел се намалило.Реката Куеснон била канализирана ,и со тоа ја намалила дисперзијата на проток на вода, и поттикнала запушување на заливот. Во 1879 година, насипот бил претворен во подигнат или сув насип . Ова ја спречило плимата да ја ископува калта околу планината. На 16 јуни 2006 година, францускиот премиер и регионалните власти најавија проект од 164.000.000 € (Projet Mont-Saint-Michel) [6] за да се изгради хидраулична брана која ќе ги користи водите на реката Куеснон и од плимата и осеката, за да помогне во отстранување на акумулираната тиња, депонирана од страна на зголемените плими и осеки, и да го направи Мон Сен Мишел повторно остров. Завршувањето на проектот е закажано за 2015 година. Изградбата на браната започна во 2009 година и сега е завршена . Проектот, исто така, вклучува и отстранување на насипот и паркингот за посетителите. Новиот паркинг е на копното, на околу два километри (1,2 милји) од островот. Светлечкиот мост кој им овозможува на водите да течат слободно околу островот ќе ја подобри ефикасноста на браната која сега е оперативна. Посетителите може да одат пеш или да користат мали шатлови за да го преминат насипот; И идниот мост, исто така, ќе биде отворен за пешаци и не-моторизирани возила.

Историја уреди

Мон Сен Мишел се користел во шестиот и седмиот век како армориканска тврдина на Гало-римската култура и моќ, сè додека не бил ограбен од страна на Франките , со што се ставило крај на културата која постоела од заминувањето на Римјаните во 460 година. Од петтиот до осмиот век, Мон Сен Мишел и припаѓал на територијата на Неустрија, а во почетокот на IX век заземал значајно место во маршовите на Неустрија . ) помеѓу високо и ниско ниво на водата. Планината која популарно е наречена "St. Michael in peril of the sea" (Свети Михаил во опасност од морето)од страна на средновековните верници кои оделе низ рамнините, сè уште може да претставува опасност за посетителите кои го одбегнуваат насипот и одат на опасни прошетки.

 
Внатрешноста на Мон Сен Мишел

Пред изградбата на првото монашко здание во 8 век, островот бил наречен Mont Tombe (латински: tumba). Според легендата, Архангел Михаил му се појавил во на 708 година на Св. Обер( st.Aubert) епископот на Авраш, и му наложил да изгради црква на карпестото островче.Обер постојано го игнорирал она што му го кажувал ангелот, сè додека Михаил не направил дупка во черепот на епископот со прст. Не можејќи да го одбрани своето царство против нападите на Викинзите, кралот на Франките се согласил да им го даде на Бретонците полуостровот Cotentin и Avranchin, вклучувајќи го и Мон Сен Мишел, со Договорот од Компиње 867г. Ова го означило почетокот на краткиот период кога Бретонците го поседувале островот. Всушност, овие земји и Мон Сен Мишел никогаш не биле навистина вклучени во војводството на Бретања и останале независни епархии од новосоздадената Бретонска архиепископија на Дол. Кога Роло го потврдил Франко како архиепископ на Руан, овие традиционални зависности на архиепископијата на Руан биле сочувани во неа. Мон Сен Мишел повторно стекнал стратешко значење во 933г. кога Вилијам "Долго мечот" го освоил полуостровот Cotentin од ослабнатите војводи од Бретања. По ова , планината станува дефинитивно дел од Нормандија, и е прикажана на таписеријата од Баје, која го претставува норманското освојување на Англија во 1066г. Харолд, Ерл од Весекс е насликан на таписеријата како спасува два нормански витези од жив песок во приливните рамнини за време на битката со Конан II, Војвода од Бретања. Норманското војводско покровителство ја финансирало спектакуларната норманска архитектура на опатијата во подоцнежните векови.

 
Сцени 16 и 17 од таписеријата: Вилијам и Харолд на Мон Сен Мишел (во горниот центар) ... Харолд спасува витези од жив песок

Во 1067 година , манастирот Мон Сен Мишел го поддржал војводата Вилијам од Нормандија во неговото барање на престолот на Англија.За возврат тој го наградил со имот и земја на англиската страна на каналот, вклучувајќи и мал остров на југозападниот брег на Корнвол кој бил моделиран по планината и станал нормански приорат именуван St Michael's Mount of Penzance.

 
Топови оставени од страна на Томас Скал на Мон Сен Мишел на 17 јуни 1434. Во моментов (јуни 2013), само вториот топ, оној кој е поблиску до ѕидот е изложен во влезот на надворешниот ѕид на Мон Сен Мишел..

Во текот на стогодишната војна , Англичаните постојано го напаѓале островот, но не можеле да го освојат поради тоа што утврдувањата на опатијата биле подобрени. Англичаните првично го опсадиле Мон во 1423-4, а потоа повторно во 1433-4 година со англиските сили под команда на Томас Скал . Два топа од ковано железо што ги оставил Скал кога се откажал од својата опсада сè уште се таму. Тие се познати како les Michelettes. Отпорот на Мон Сен Мишел ги инспирирал Французите, особено Јованка Орлеанка . Кога Луј XI од Франција го основал Редот на Свети Михаил во 1469г., тој имал намера опатијата од Мон Сен Мишел да стане црква за Редот, но поради нејзината голема оддалеченост од Париз, неговата намера не можела да се реализира.

Мон Сен Мишел и неговиот залив
светско наследство на УНЕСКО
КритериумКултурен: i, iii, vi
Навод80
Запис1979 (Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“ заседание)

Богатството и влијанието на опатијата се продолжило во многу фондации, вклучувајќи ја и “St Michael's Mount“ во Корнвол . Сепак, неговата популарност и неговиот престиж како центар за поклонение исчезнал со реформацијата , и до Француската револуција немало монаси кои престојувале таму. Опатијата била затворена и претворена во затвор, во кој во прво време имало свештенички противници на републиканскиот режим. Потоа следеле политички затвореници со висок профил, но од 1836 година, влијателни личности, вклучувајќи го и Виктор Иго –започнале кампања со цел да го вратат она што важело за национално архитектонско богатство. Затворот конечно бил затворен во 1863 година, а планината била прогласена за историски споменик во 1874 година. Мон Сен Мишел и неговиот залив биле додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1979 година, и тоа биле ставени на листата со критериуми од културно, историско , и архитектонско значење, како и човечки создадена и природна убавина. [3]

Градење на опатијата уреди

 
План од Мон Сен Мишел

Во 11 век италијанскиот архитект Вилијам де Волпиано кој ја изградил “Abbey of Fécamp“ во Нормандија, бил избран од страна на Ричард II од Нормандија да биде изведувачот на објектот. Тој ја проектирал романската црква на опатијата, смело ставајќи го трансептот на врвот на планината. Многу подземни гробници и параклиси морале да се изградат за да се компензира за оваа тежина; Тие се основа за поддршка на структурата нагоре која може да се види и денес. Денес Мон Сен Мишел се важи за црква во романски стил. Роберт де Торињи, кој многу го поддржувал англискиот крал Хенри II (кој исто така бил Војвода од Нормандија ), ја зацврстил структурата на објектот и ја направил главната фасада на црквата во 12 век. Во 1204, Бретонецот Гај де Туар, во сојуз со кралот на Франција, ја опсадил планината. Откако го запалил селото и го масакрирал населението, морал да се повлече позади моќните ѕидови на опатијата. За жал, огнот кој самиот тој го запалил се проширил и на објектите, како и на покривите. Ужаснат од суровоста на неговиот бретонски сојузник, Филип Августус му понудил грант на Игуменот Журден за изградба на нов архитектонски сет во готски стил во кој биле вклучени и трпезарија и манастир. Чарлс VI дека направил големи утврдувања на опатијата, градел кули, последователни дворови, и ги зајакнал ѕидините.

Развој уреди

Управување уреди

 
Манастирот

Островчето припаѓа на француската комуна на Мон Сен Мишел, во департманот на Манш( Manche), во Долна Нормандија( Basse-Normandie). Население (1999г.) 50 Најблискиот голем град, со СНЦФ железничка станица, е Понторсон. Мон Сен Мишел и припаѓа на Организацијата на градовите на светското наследство . Мон Сен Мишел, исто така, е предмет на традиционалните, но во денешно време добродушни, соперништва меѓу Норманите и Бретонците. Бретонците тврдат дека бидејќи реката Куеснон ја означува традиционалната граница меѓу Нормандија и Бретања , планината е на страната од границата на Нормандија , само затоа што реката го сменила својот тек низ годините.Оваа легенда ги воодушевува жителите на областа, кои наведуваат дека границата не се наоѓа на реката Куеснон туку на копното, 4 километри (2,5 милји) на запад, во подножјето на Сен Брелад.

Население уреди

Население по години
(Извор : EHESS[2] and Insee[3] ·[4])
17931800180618211831183618411846185118561861186618721876188118861891189619011906191119211926193119361946195419621968197519821990199920062009
234234282904390385108211001182115310562031931842092111992302352382322302472502311862681321051148072464144
Од година 1962 на: население без двојно сметање—жителите на повеќе од една општина (на пр. студенти или воени лица) се бројат само еднаш.
Наталитет
1956–1962 1962–1968 1968–1975 1975–1982 1982–1990 1990–1999
xx 13 16 8 6 4
Морталитет
1956–1962 1962–1968 1968–1975 1975–1982 1982–1990 1990–1999
xx 6 6 4 5 3

Во летниот период до 20.000 луѓе го посетуваат градот . Меѓу 43 жители од 2006 година, 5 биле монаси и 7 калуѓерки .

Личности кои се поврзани со комуната уреди

  • Роберт де Торињи, познат игумен на планината;
  • Гијом де Сен Пар, монах од опатијата и автор на романот Мон Сен Мишел;
  • Војводата од Шартр (идниот Луј-Филип I), дојде да го урне "железниот кафез";
  • Матуран Бруно, чевлар, лажен Луј XVII, затвореник во планината од 1821 до 1822г.;
  • Луис Огист Бланки политички затвореник во планината;
  • Арман Барбе , политички затвореник во планината;
  • Монсињор Бавар , реставратор на опатијата;
  • Емил Кујар, писател, историчар на планината, и игумен на Мон Сен Мишел.

Збратимени градови уреди

  • Hatsukaichi, Хирошима, Јапонија, каде што се наоѓа Itsukushima Shrine уште еден остров-храм и кој е дел од светското наследство на Унеско. [12] [13] [14]

Историски гледано, Мон Сен Мишел беше норманска копија на планината Свети Михаил во Корнвол, Велика Британија, која беше доделена на“ Benedictines“, верски ред на Mont Saint-Michel , со Едвард Исповедникот во 11 век.

Историски споменик уреди

61 објект се заштитени како monuments historiques,[15], [15] на повеќепати почнувајќи од 1928 година.

Во популарната култура уреди

 
Статуа од Архангел Михаил
  • Во 1904 година, американскиот интелектуалец Хенри Адамс приватно го објави Мон-Сен Мишел и Шарт(Mont-Saint-Michel and Chartres ) каде што се слави единството на средновековното општество, особено како што е претставено во големите катедрали на Франција. Беше јавно објавен во 1913 година.
  • Францускиот композитор Клод Дебиси го посетувал островот и можеби пронашол инспирација не само од легендата на митски град Ys , но исто така од катедралата Мон Сен Мишел за неговота пијано прелудија La Cathedrale Engloutie.[17]

Во 1942 година Helen MacInnes го користи Мон Сен Мишел како локација за клучен дел во нејзиниот шпионски роман “Cross Channel“, објавен во Франција веднаш по Примирјето на Бордо од јуни 1940 година. Романот потоа бил преименуван Assignment In Brittany по филмот наречен Assignment In Brittany кој бил направен врз основа на романот, во 1943 година.

  • 1943г., Assignment In Brittany врз основа на романот на Helen MacInnes во кој Мон Сен Мишел се користи како локација за клучен дел. Сепак, филмот не се однесува директно на Мон Сен Мишел и не постои обид да се рекреира Мон Сен Мишел со користење студио сет ; Не би било можно да се сними филм за војна на сојузничката пропагандна на локација окупирана од Германците Мон Сен Мишел во 1943
  • 1950: “The Elusive Pimpernel “од Powell и Pressburger [18]
  • 1955: The Mystery of Mont Saint-Michel (Le Forêt de Quokelunde)" од Michel Rouze", детски роман во кој пет деца го истражуваат островот за време на едно кампување .
  • 1991: Mindwalk [19]
  • 2003: Мон Сен Мишел беше инспирација за дизајнот на Минас Тирит во филмот Господарот на прстените враќањето на кралот (The Lord of the Rings: The Return of the King)
  • Мон Сен Мишел претставува мултиплеер карта во видео играта Assassin's Creed: Brotherhood (2010), и Assassin's Creed: Revelations (2011) од Ubisoft Montreal.
  • 2013: Мон Сен Мишел беше крајната точка на сцената 11 од Тур де Франс.
  • 2013: Дизајнот за кула за мајсторство во верзиите на Покемон X и Y бил инспириран од Мон Сен Мишел.

Наводи уреди

  1. „Insee – Populations légales 2009 – 50353-Le Mont-Saint-Michel“. insee.fr. 2012. Посетено на 21 август 2012.
  2. „Le Mont-Saint-Michel - Notice Communale“. Cassini.ehess.fr. Посетено на 2013-07-10.
  3. „Historique des populations par commune depuis le recensement de 1962“. Insee.fr. Посетено на 2013-07-10.
  4. „Insee - Populations légales 2006 - 50353-Le Mont-Saint-Michel“. Insee.fr. Посетено на 2013-07-10.

Надворешни врски уреди