Моноспитово

село во Општина Босилово

Моноспитово — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Моноспитово

Дом на културата

Моноспитово во рамките на Македонија
Моноспитово
Местоположба на Моноспитово во Македонија
Моноспитово на карта

Карта

Координати 41°24′56″N 22°45′12″E / 41.41556° СГШ; 22.75333° ИГД / 41.41556; 22.75333
Општина Босилово
Население 1.324 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27042, 27542
Надм. вис. 208 м
Моноспитово на општинската карта

Атарот на Моноспитово во рамките на општината
Моноспитово на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Куќа каде е основан првиот НОО во Струмичкиот регион
 
Центар за алтернативен туризам и креативен развој, местото каде се наоѓало старото училиште

Моноспитово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Струмичка Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри, и се наоѓа во непосредна близина на патот Струмица-Ново Село, од неговата десна страна.

Надморската височина во селото е 208 метри додека селото зафаќа површина од 9,5 км2. Од нив, 754 хектари се обработливо земјиште[2].

Селото е познато по Моноспитовското Блато, кое се наоѓа во негова близина.

Селото се граничи со Еднокуќево, Бориево, Муртино, Банско, Габрово.

Историја уреди

Ран период уреди

Денеска не е познато кога точно било основано селото. Според некои легенди и и преданија, сегашното Моноспитово порано имало друга местоположба односно се наоѓало во подножјето на планината Беласица. Барајќи подобри услови за живеење и заштита од постојаните напади, неговите жители се преселиле во месноста Комитска Корија. Но и таму претходниците на моноспитовци не се задржале долго време. Тие и натаму барале подобро место за живеење. Едно време се населиле во месноста Скубиврат, кај село Банско. Но тука некаква болест им ги уништувала децата. Така тие се населиле во месноста Селиште, која се наоѓа на еден километар јужно од сегашната местоположба. На тоа место тие изградиле неколку нови куќи, налик на сточарски колиби, подигнати на песокливо земјиште, на речен нанос. Денеска постојат остатоци од оваа мала примитивна населба, позната како „Блатски гробја“, што значи дека Блатото допирал до Селиште. Но поради многу мравјалници, и тоа место го напуштиле, и конечно се населиле на денешното место[3].

Се раскажува дека името на селото потекнува од грчките зборови „моно спити“, Во превод името на селото означува „една куќа“. Според преданието, едно високо воено лице на грчката војска, посматрајќи ја Струмичката Котлина од еден висок врв на планината Беласица, во полето кај Блатото, забалежал една куќа и рекол на својот придружник „Моно Спити!“. Веројатно во значење на „осамена куќа“, подоцна биле изградени и други куќи и така на почетокот била основана мала селска населба, која по „осамената куќа“ е наречена Моноспитово, исто како соседното Еднокуќево.

Отоманско Царство уреди

 
Статуа на Гоце Делчев
 
Православната црква „Св. Константин и Елена“
 
Евангелско-методистичка црква
 
Евангелска црква

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 120 семејства и 437 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.300 жители Македонци[4][6].

Освен странските пропаганди, во Моноспитово исклучливо силна била и протестантската пропаганда. Евангелската црква била отворена во 1884 година. Еден од најзаслужните за ширењето на протестантството имале Ставре Тимов, богат граѓанин од Струмица, кој во Моноспитово имал и свој чифлик и Спасо Бушев од самото село. Освен црква, во селото било отворено и протестантско училиште во 1890 година[7]. Во теекот на овој период значително пораснал и конфликтот на грчката црква против протестантите. Така, во 1884 година во дворот на Спасо Бушев се собрале поголема група селани, за да чујат што ќе им кажат протестантските мисионери, по клеветите од владиката, биле затворени десет лица, осум од Моноспитово и двајца од Струмица[7].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 976 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 184 македонски протестанти. Освен тоа, во селото работело и едно егзархиско училиште[4][8].

Во средината на декември 1905 година, војводата Крсто Георгиев - Новоселски најпрвин бил опкружен во село Костурино, но тој успеал ранет од престелката да побегне во Моноспитово, каде откако повторно бил опкружен од турската војска, тој се самоубил. Во август 1907 година бил свикан редовен околиски конгрес во близина на селото Куклиш, но поради предавство на еден грчки агент, следувала битка во која тројца комити со потекло од Моноспитово биле убиени. Комитетот бил повторно откриен кон крајот на 1909 година од Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков, а на чело застанал стариот деец Христо Џолев[9]. По создавањето на ВМОРО, раководители на месниот комитет станале Атанас Галев, Трајко Барбутов - Штерко, Мито Маневски и Андон Попов[10]. Во меѓусебните дописи, тие за месните села употребувале псевдоними. Така, за селото Моноспитово го употребувале псевдонимот „Беласица“. Тие биле стрелани од српска милиција на 25 мај 1925 година меѓу градот Струмица и селото Дабиле, поради нивната револуционерна ангажираност во ВМРО на Тодор Александров.[11][12]

По започнувањето на Балканските војни, од селото 34 лица биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[13] Од разните чети во кои биле вклучени и Струмичани била и онаа која дејствувала под раководство на 26-годишниот војвода Иван Попвелков од село Моноспитово, од каде што имало и најголем број учесници во овие доброволни дружини не броејќи го самиот град Струмица. Од вкупно 34 луѓе кои зеле учество во војната, 10 од нив биле во четата на Иван Попвелков, кои подоцна се приклучиле кон создадените три нови Македонско-одрински дружини на самиот Тракијски фронт[14]. Подоцна, со Орден за храброст од селото бил награден Евтим Василев.

Селото било ослободено од османлиската власт од четите на Думбалаков и Хаџиманов[15]. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на ѕверства. Селото Моноспитово било изложено на грабеж од грчките војници. Во Моноспитово Грците дошле со намера да го запалат селото и малтретирале и убиле неколку мажи и жени. Напуштајќи го ограбеното село, Грците им се заканиле на селаните дека пак ќе се вратат и ќе стават ,,под нож‘‘ сѐ што ,,е македонско‘‘[14].

Југославија уреди

 
Училиште „Борис Трајковски“
 
Детска градинка

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во него била формирана селска чета на ВМРО од легални дејци на организацијата. Војвода бил Данчо Алаџов, помошник Тошо Бонев, Кољо Бансколиев, Пандо Попов, Пандо Крстев, Панзо Домазетов, Илија Делчев, Тушо Паунов, Наце Пенкин - Џонето, Атанас Џонев и други.

Во текот на 1930-тите и 1940-ите години, во регионот имало голем процент на заболени од маларија. Ова главно се должело и на големиот број на мочуришта во регионот, пред сè Моноспитовското Блато. Во текот на овој период била отворена и првата здравствена установа во селото.По крајот на Втората светска војна, Моноспитово било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија уреди

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.356—    
19531.519+12.0%
19611.708+12.4%
19711.825+6.9%
19811.784−2.2%
ГодинаНас.±%
19911.964+10.1%
19941.872−4.7%
20021.803−3.7%
20211.324−26.6%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[16]

Во 1961 година селото Моноспитово имало 1708 жители. Во 1994 година во селото живееле 1872 луѓе, сите Македонци[2].

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.803 жители, од кои 1.799 Македонци, 1 Турчин, 2 Срби и 1 останат.[17]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.324 жители, од кои 1.241 Македонец, 1 Албанец, 1 Србин, 1 останат и 80 лица без податоци.[18]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.300 1.160 1.356 1.519 1.708 1.825 1.784 1.964 1.872 1.803 1.324
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[19]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[20]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[21]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[22]

Општествени установи уреди

  • Основно училиште Борис Трајковски
  • Детска градинка
  • Дом на култура
  • Објект (куќа) каде е основан првиот НОО во Струмичкиот регион
  • Центар за алтернативен туризам и креативен развој

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 1842 и 1843 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[23]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.568 гласачи.[24]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.584 гласачи.[25]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Вториот претседател на Македонија, Борис Трајковски

Личности уреди

Родени во Моноспитово:

Починати во Моноспитово:

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.192.
  3. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  7. 7,0 7,1 Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  9. Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ II, София, 1937, стр. 65
  10. „Премрежињата на македонското револуционерно движење - Спомени“, Скопје, 2006 г., Спомени на Атанас Џолев
  11. ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ РЕВОЛУЦИОНЕРНИ ДЕЈЦИ ОД СТРУМИЦА И СТРУМИЧКО ВО ВРЕМЕТО ОД ОСНОВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА ДО ПОЧЕТОКОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ (1893 – 1912/13), Бранко Ѓоргиев
  12. Гелев, Димитар. Белиот Терор во Југоисточна Македонија 1910-1941, Друштво за наука и уметност, Штип 1991, стр. 246.
  13. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 864.
  14. 14,0 14,1 Струмица и Струмичко во времето на Балканските војни и Букурешкиот мировен договор, Завод за заштита на спомениците и културата и музеј на Струмица, 2013.
  15. Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ II, София, 1937, стр. 167 - 168, 177 - 178.
  16. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  17. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  18. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  19. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  20. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  21. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  22. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  23. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  24. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
  25. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)
  26. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски уреди