Модулацијата — процес во кој информацискиот сигнал менува друг сигнал со повисока честота, таканаречен носител, за да се овозможи пренос на информацијата.

Приказ на модулацијата. Најгоре — информациски сигнал. Средина — амплитудно модулиран носител. Најдолу — честотно модулиран носител.

Носителот или носечката честота обично е синусоиден бран генериран во осцилатор. И носителот и информацискиот сигнал се воведуваат во модулаторот, и тука информацискиот сигнал на некој начин го менува носителот. Модулираниот носител тогаш е засилен и испратен во систем за пренос (антена или кабел).

Во приемникот се прима модулираниот сигнал кој потоа е засилен и обработен. Се праќа во демодулаторот на чиј излез се добива оригиналниот информациски сигнал.

Можни облици на модулација уреди

Да го разгледаме математичкиот израз за синусоидниот бран:

v = Vp sin(2πft+θ) или

v = Vp sin(ωt+θ)

каде

  • v = моментална вредност на синусоидниот напон
  • Vp = врвна вредност на синусоидниот напон
  • f = честота (Hz)
  • ωt = 2πft = аголна брзина
  • t = време (s)
  • ω = 2πf = аголот во радијани
  • θ = фазен агол

Од ова може да видиме дека постојат три начини на модулација, зависно од тоа на кој начин се менува носителот. Тоа се амплитудна, честотна и фазна модулација.

Амплитудна модулација уреди

Кај амплитудната модулација (АМ), информацискиот сигнал ја менува амплитудата на носителот, додека честотата останува постојана. Комерцијалните радио-станици на долги, средни и кратки бранови главно користат амплитудна модулација. Тоа е најстариот начин на модулација.

Честотна модулација уреди

Честотната модулација (ФМ) ја менува честотата на носителот во одреден опсег, додека неговата амплитуда останува константна. Комерцијалните радио-станици кои работат во опсегот на ултракратки бранови (УКБ) користат честотна модулација. Се користи и за пренос на звук во телевизиски систем.

Фазна модулација уреди

Фазната модулација ја менува фазата на носечката честота, а притоа прави и честотна модулација на носителот. Заради тоа модулираниот сигнал е сличен на честотно модулираниот сигнал. Честотната и фазната модулација се форми на аголна модулација (англ. angle modulation).

Погледај и уреди

Литература уреди

  • Principles of Electronic Communication Systems, Louis E. Frenzel, Glencoe/McGraw-Hill, ISBN 0-02-800409-4, pp. 12 до 14.

Надворешни врски уреди