Модрич

село во Општина Струга

Модрич — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Модрич

Поглед на селото Модрич

Модрич во рамките на Македонија
Модрич
Местоположба на Модрич во Македонија
Модрич на карта

Карта

Координати 41°22′0″N 20°34′19″E / 41.36667° СГШ; 20.57194° ИГД / 41.36667; 20.57194
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Дримкол
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26034
Надм. вис. 781 м
Модрич на општинската карта

Атарот на Модрич во рамките на општината
Модрич на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Ридот со крст на него над селото

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северозападниот дел на територијата на Општина Струга, чиј атар се издига до сртот на планината Јабланица, каде што се допира со државната гранична линија со Албанија.[2] Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 880 до 1.000 метри. Од градот Струга е оддалечено 25 километри.[2]

Селото се наоѓа на падините на планината Јабланица, по течението на реката Црн Дрим, во областа наречена Долни или Дебарски Дримкол.

Селото е од разбиен тип и во моментов брои околу 50-тина куќи и останати малкумина постојани жители, претежно стари лица.

Модрич е познат по својата уникатна местоположба и чистиот воздух, изворите со вода за кои е и снимен игран филм на таа тема „Време Води“ од Бранко Гапо, гостопримливота и отвореноста на луѓето кои живеат или потекнуваат од таму. Претставува одлично место за одмор, спортски риболов (Дебарско Езеро - 10км и Глобочица - 10км), лов на дивеч.

Историја уреди

 
Стара куќа во селото

Тврдината којашто се наоѓала во Модрич во текот на османлиското владеење била од големо значење поради нејзината стратешка позиција на левиот брег од реката Црн Дрим, непосредно до патот од Охрид до Дебар. На другата страна од патот се наоѓал Коџаџик (тогаш Светиград).[3] На почетокот од османлиското владеење Модрич најверојатно бил дури и позначаен од Коџаџик.[4] Во ноември 1443 година Скендербег се побунил против султанот и тврдината во Модрич станало негово упориште. Истото се толкува во делата на албанскиот историчар и католички свештеник Марин Барлети.[5]

Во 1448 година, султанот Мурат II ја опседнал тврдината во Светиград. Првата битка меѓу војската на Скендербег и отоманската војска во Опсадата на Светиград (1449) се одиграла кај тврдината Модрич.[6]

Во 1452 година, отоманската војска од Охрид ги нападнале скендербеговите бунтовници, но била поразена кај Модрич. На чело на бунтовниците стоел Хамза Кастриоти.[7][8]

Според Стефанаљ Поло и Арбен Путо, во 1456 година внукот на Скендербег, Георги Стреши Балшич, ја продал тврдината на Османлиите.[9] Во 1467 година Модрич бил регистриран како тимар на извесен Синан кој бил диздар на твдрината Модрич. Тврдината најверојатно била уништена до тој степен што во неа немало гарнизон, а нејзина реконструкција била или невозможна или непотребна.[10]

За тврдината денес сведочат остатоците на ѕидините, гробници, стари монети итн.[11]

Во XIX век, Модрич било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Атарот зафаќа простор од 16,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.178 хектари, на пасиштата отпаѓаат 233 хектари, а на обработливото земјиште само 191 хектар.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948729—    
1953758+4.0%
1961701−7.5%
1971405−42.2%
1981196−51.6%
ГодинаНас.±%
199160−69.4%
199451−15.0%
200225−51.0%
20218−68.0%

Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства и 152 жители мажи.[12]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Модрич имало 960 жители.[13] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Модрич имало 624 жители.[14]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600Македонци.[15]

Модрич било средно по големина село, но со значителна емиграција на населението, преминало во мало село. Така, селото во 1961 година броело 701 жител, а во 1994 година само 51 жител, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Модрич живееле 25 жители, сите Македонци.[16]

Денес, Модрич е пред целосно раселување, поради миграцијата која го зафатила селото во втората половина на XX век.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, 1 Македонец и 7 лица без податоци.[17]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 960 624 729 758 701 405 196 60 51 25 8
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[18]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[19]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[20]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[21]

Родови уреди

Модрич е македонско село.

Според истражувањата од 1935 година родови во селото се:

  • Староседелци: Неловци или Ниновци (4 к.), Лековци (5 к.), Бочваровци (4 к.), Бурјаковци (5 к.), Белшовци (2 к.), Бежановци (3 к.), Чубриновци (3 к.) и Ѓорчевци (2 к.)
  • Доселеници: Турмаковци (3 к.), Џакеловци (1 к.), Цацановци (9 к.), Радевци (8 к.) и Ојлевци (2 к.) доселени се сите од исто место, а тоа — селото Мартинеши во Албанија, кај реката Мат. Од старото село се иселиле затоа што не сакале да го примат исламот; Дуковци (3 к.) доселени се од селото Себишта во Голо Брдо; Бојаџијовци (3 к.) доселени се од селото Луково, од каде се доселил дедо Новак; Колеќевци (6 к.) и Аџијовци (3 к.) доселени се од некое село Колиќије кај Солун во Егејска Македонија; Колеќевци (3 к.) потекнуваат од домазет кој се доселил од селото Глобочица и влегол во правиот род Колеќевци, оттука и за двата рода исто име; Шоповци (2 к.) доселени се најверојатно од селото Присовјани; Велковци (2 к.) потекнуваат од домазет Аврам доселен од село Луково во родот Алижуровци.
  • Непознато и неиспитано потекло: Алижуровци (1 к.), Добревци (1 к.) Ѓоргочевци (1 к.), Ѓочевци (4 к.), Ковачевци (3 к.), Мијовци (2 к.), Мурговци (2 к.), Римовци (1 к.), Терзиевци (3 к.) [11]

Општествени установи уреди

 
Споменик од НОБ пред поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било седиште на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Манастирец, во која покрај селото Модрич, се наоѓале и селата Буринец, Дренок, Отишане, Селци и Џепиште. Во периодот 1950-1952 година, селото Модрич било седиште на некогашната општина Модрич, во која влегувале селата Дренок и Модрич.

Избирачко место уреди

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1886, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште во Модрич. Во избирачкото место е опфатено и селото Дренок.[22]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[23] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[24]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[25]
  • Градиште — утврдена населба од доцноантичко време и средновековна населба со некропола.
Цркви[26]
Реки
Споменици
  • Споменик од НОБ

Личности уреди

Родени во Модрич

Учесници во НОБ, и жртви на фашистичкиот терор[27]

Модрич како тема во уметноста уреди

  • Модричка тетратка“ — книга за деца на македонскиот писател Бошко Смаќоски од 1982 година.[28]
  • „Модрич“ — песна на Бошко Смаќоски.[29]
  • „Пред портите на Модрич“ — песна на Бошко Смаќоски.[30]
  • „Скитање“ — песна на Бошко Смаќоски.[31]
  • „Диви перуники“ — краток расказ на Бошко Смаќоски.[32]
  • „Гора модричка“ — песна на Бошко Смаќоски.[33]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 199. Посетено на 18 ноември 2018.
  3. Александар Стојановски (1989). Makedonija vo turskoto srednovekovie: (od krajot na XIV-početokot na XVIII v.). Kultura. стр. 411–412.
  4. Александар Стојановски (1989). Makedonija vo turskoto srednovekovie: (od krajot na XIV-početokot na XVIII v.). Kultura. стр. 412. Сето тоа укажува на можноста дека во овој период Модрич по својата функција бил помалку значаен од Коџаџик.
  5. Glasnik na Институтot za nacionalna istorija. Институт. 1977. Посетено на 6 April 2013.
  6. Александар Стојановски (1988). Istorija na makedonskiot narod. Македонска книга. стр. 88. До прва голема битка помеѓу двете противнички војски дошло кај тврдината Модрич.
  7. Kosta Balabanov; Krste Bitoski (1978). Ohrid i Ohridsko niz istorijata. Opštinsko sobranie na grad Ohrid. стр. 62. Во летото 1452 година, од насока на Охрид, против востаниците тргнал Хамза-паша, но кај Модрич бил победен
  8. Matkovski, Aleksandar (1983). Отпорот во Македонија во времето на турското владеење: Буни и востанија. Misla. стр. 88. Внукот на Скендер-бег, Хамза, успеал да го зароби турскиот војсководец со истото име Хамза-паша.
  9. Stefanaq Pollo; Arben Puto; Kristo Frashëri; Skënder Anamali (1974). Histoire de l'Albanie, des origines à nos jours. Horvath. стр. 93. ISBN 978-2-7171-0025-9. Un autre chef albanais, Georges Stres Balsha, neveu de Skanderbeg, lui aussi mécontent de la politique de son oncle, livra traîtreusement aux Turcs la citadelle frontière de Modrica.
  10. Александар Стојановски (2006). Македонија под турската власт: статии и други прилози. Ин-т за национална историја. стр. 122. ... и Модрич (во Голо Брдо). Последново село во времето на пописот од 1467 година било тимар на Синан, диздар на тврдината Модрич.
  11. 11,0 11,1 Мил. С. Филиповић (1939). Дебарски Дримкол. Штампарија „Јужна Србија“ Кеј Краља Александра 46 Скопље. стр. 131-132.
  12. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  13. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 261.
  14. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  15. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  16. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 ноември 2018.
  17. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  18. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  19. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  20. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  21. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  22. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 18 ноември 2018.
  23. „Локални избори 2017“. Посетено на 18 ноември 2018.
  24. „Референдум 2018“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 18 ноември 2018.
  25. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  26. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  27. . Каланоски, Илија (1983). Ослободителната војна и револуцијата во Струга и струшко 1941-1945. Скопје. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  28. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004.
  29. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 5.
  30. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 6.
  31. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 10.
  32. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 12-13.
  33. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 14.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди