Моден додаток или моден прибор — предмет што служи за надополнување на облеката и се одбира со цел да служи како додаток на нечиј изглед.[1] Ваквиот додаток влијае дополнително да дојдат до израз идентитетот на личноста и личното обележје со оглед на тоа што постојат додатоци коишто се разликуваат во обликот, големината, боите итн. Поимот влегол во употреба во XX век.

Чанта од марката Барбери
Рачен сонцобран како моден додаток во 1915 година

Историја уреди

Во викторијанската мода, додатоците како ладало, сонцoбран и ракавици имале значење во поглед на родот, расата и општествената класа на жената. Во тој период, општиот правец бил жените да се прилагодуваат или да се стремат кон поспокоен животен стил. Како последица на тоа, жените често ги користеле ракавиците и маските како знаци за работа.[2]

На почетокот од 16 век, мажите со повисок општествен статус во Италија носеле шапки со значки како украс којшто потсеќал на оние коишто на своите капи ги носеле припадниците на војската. Значките на шапките често биле носени заедно со украсен меч и балчак. Тие претставувале модни плакети и често прикажувале сцени со лично значење за оној којшто ги носел.[3]

Видови уреди

Модните додатоци може грубо да се поделат во две општи групи: додатоци коишто се држат и додатоци коишто се носат. Традиционално, првата група вклучува чанти, ладала, рачни сонцобрани, паричници, бастуни и мечеви. Додатоците коишто се носат вклучуваат јакни, чизми, чевли, вратоврски, шапки, каиши, ракавици, рачни часовници, чорапи и разни видови накит.[1]

Видот на додатокот којшто поединецот одбира да го држи или носи за да ја надополни својата облека може да се определи преку неколку чинители, како што е природата на пригодата каде што оди. На пример, ако поединецот оди на работа, тогаш неговиот/нејзиниот избор на додаток ќе се разликува од оној кога се оди на пијачка или вечера. Според тоа, различни додатоци се одбираат во зависност од тоа дали станува збор за работа или разонода. Слично, економскиот статус на поединецот, како и религиската и културна позадина исто така може да бидат чинители на изборот.[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Valerie Cumming; C. W. Cunnington; P. E. Cunnington (15 November 2010). The Dictionary of Fashion History. Berg. стр. 1. ISBN 978-1-84788-533-3. Посетено на 9 јануари 2012.
  2. Ariel Beaujot (June 2012). Victorian Fashion Accessories. Berg. стр. 1. ISBN 9781847886828.
  3. Marika Leino (7 December 2012). Fashion, Devotion and Contemplation : The Status and Functions of Italian Renaissance Plaquettes. Peter Lang AG. стр. 1. ISBN 9783039110681.
  4. „Clothing & Accessories“. National Museum of American History (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-08-27. Посетено на 27 август 2018.

Надворешни врски уреди