Младост (филм од 2015)

Младост (англиски: Youth) - филм од 2015 година, во режија на Паоло Сорентино кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Мајкл Кејн, Харви Кајтел, Лаура де Марки, Пол Дејно, Џејн Фонда, Ед Стопард итн.[1] Во 2015 година, филмот освоил три Европски филмски награди: за најдобар филм, најдобар режисер и најдобар глумец (Мајкл Кејн), a Сорентино бил номиниран за „Златната палма“ на Канскиот фестивал. Следната година, филмот бил номиниран за „Оскар“ и за „Златен глобус“.[2]

Актери и режисер на Филмскиот фестивал во Кан 2015

Синопсис уреди

Фред Балинџер (го игра Кејн) е пензиониран композитор и диригент кој е на одмор во еден хотел во Швајцарија, заедно со својата ќерка Лена (ја игра де Марки). Во хотелот се наоѓа и Мик Бојл (го игра Кајтел), остарен режисер кој се подготвува за снимањето на својот нов филм. Двајцата се стари другари кои имаат целосно разбирање еден кон друг. Лена дознава дека нејзиниот сопруг Џулијан (го игра Стопард), синот на Мик, ја оставил поради некоја поп-пејачка и поради тоа паѓа во депресија, а Фред и Мик се обидуваат да ја утешат. Фред добива покана од британската кралица за изведување на неговото познато дело, но тој ја одбива поканата, зашто делото го пеела неговата сопруга, а тој не сака делото да го пее никој друг. Низ разговорите со Лена, Фред сфаќа дека не бил добар татко, зашто го запоставил семејството, посветувајќи се на компонирањето. Мик Бојл е опседнат со глумицата Бренда Морел (ја игра Фонда) која најпосле пристигнува во хотелот за да му каже дека планираниот филм е лош и дека нема да глуми во него. Тогаш, Мик се откажува од идејата за филмот, а Фред сепак се согласува да диригира на концертот пред кралицата.[3]

Наводи уреди