Мињо (река)

река во Шпанија и Португалија
41°52′0″N 8°52′12″W / 41.86667° СГШ; 8.87000° ЗГД / 41.86667; -8.87000

Мињо (шпански и галисиски: Miño; португалски: Minho) — најдолгата река во Галисија, Шпанија, со вкупна должина од 340 км.

Мињо
Miño, Minho
Река
Реката Мињо и градот Туј (Шпанија) гледани од Валенса (Португалија)
Потекло на името: Миниј (лат. Minius)
Земји Шпанија, Португалија
Град Луго, Оуренсе, Вијана до Кастело
Извор Педрегал де Иримија
 - место планина Мејра, Луго, Галисија, Шпанија
 - височина 695 м
 - координати 43°12′41″N 7°16′52″W / 43.21139° СГШ; 7.28111° ЗГД / 43.21139; -7.28111
Влив на изворите Пеарес
 - местоположба Оуренсе, Галисија, Шпанија
 - координати 42°27′14″N 7°43′48″W / 42.45389° СГШ; 7.73000° ЗГД / 42.45389; -7.73000
Утока Устие на Мињо
 - местоположба Атлантски Океан, Шпанија & Португалија
 - височина м
 - координати 41°52′0″N 8°52′12″W / 41.86667° СГШ; 8.87000° ЗГД / 41.86667; -8.87000
Должина 350 км
Истек
 - просечен 340 м3
Хидроакумулации Белезар, Пеарес, Велје, Кастрело и Фриејра
Карта на течението на Мињо
Карта на течението на Мињо
Карта на течението на Мињо

Името доаѓа од латинскиот поим „Миниј“ (латински: Minius) со значење „цинобер“, т.е. „црвеникава“. Мињо е река од стопанско значење, бидејќи од неа се наводнуваат лозја, ниви и полиња, и се добива хидроенергија. Дел од течението ја исцртува шпанско-португалската граница.

Реката извира во местото Педрегал де Иримија,[1] околу 50 км северно од градот Луго во Галисија. Минува јужно од ѕидините на стариот римски град и тече низ клисури сè до долината, па станува поширока северно од Оуренсе. На потегот од Портомарин до Фриејра, на реката се изградени повеќе хидроакумулации: „Балезар“ (654 хм³), „Пеарес“ (182 хм³), „Велје“ (17 хм³), „Кастрело“ (60 хм³) и „Фриејра“ (44 хм³).

На 20 км северно од Оуренсе, во Мињо се влева нејзината главна притока, реката Сил. Кога ќе го мине Оуренсе, реката тече во југозападен правец сè додека не дојде до португалската граница кај Мелгасо. Кај местото Рибадавија е сместена последната акумулација „Фриејра“, чие винско подрачје е познато по виното „рибејро“.

Тука течението на реката ја образува границата помеѓу двете држави во должина од 80 км. Овој предел е долински, мошне плоден и максимално искористен во полјоделството. Се одгледуваат култури како пченка, компир, зелка, а покрај самата долина се простираат лозови насади на сорти од кои се произведува т.н. „Зелено вино“ (Vinho Verde).

Минувајќи ги средновековните градови Мелгасо и Монсао, Мињо го дели старите утврдени градови Туј во Шпанија од Валенса во Португалија — обата заштитени како културно-историско богатство. Кај Камиња, Мињо конечно се влева во Атлантскиот Океан.

Главни притоки на реката се Сил, Неира, Авија, Барбантињо, Бубал и Арноја.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди