Михаел Ханеке

Австриски режисер

Михаел Ханеке (роден на 23 март 1942 во Минхен) — германски и австриски режисер и сценарист. Неговите играни филмови, како: Пијано, Скриено, Белата панделка и Љубов, освоиле бројни награди, меѓу кои и „Оскар“, две „Златни палми“ на Канскиот филмски фестивал, два „Златни глобуси“ и неколку европски филмски награди.

Михаел Ханеке на Канскиот филмски фестивал во 2006 година

Живот уреди

Ханеке е син на режисерот и актерот Фриц Ханеке од Диселдорф и австриската глумица Беатрикс Дегеншилд . Мајкл Ханек пораснал во Виенер Нојштат, каде што семејството од страната на неговата мајка имало фарма. Ретко контактирал со својот татко, дури и кога Фриц Ханеке подоцна требало да учествува во театарската продукција на неговиот син. Неговиот вујко е светски познатиот моторџија, Франц Јозеф Биндер. Од 2002 година, Ханеке предава како професор за режија на Виенската филмска академија (Filmakademie Wien) во склоп на универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена. Ханеке има син (роден во 1965 година). Од 1983 година е оженет со сопственичката на антикварница во осмата област на Виена.

Творештво уреди

Ханеке е режисер на следниве филмови:

Надворешни врски уреди