Миус

река во Украина и Русија

Миус (украински: Міус, руски: Миус) — река во Украина и Русија. Долга е 258 км, а сливното подрачје зафаќа 6 680 км2.[1]

Миус
Миус кај Таганрог
Изворно имеМіус / Миус
Местоположба
УкраинаДонечка област, Луганска област
РусијаРостовска област
Физички особености
ИзворДонечко Горје
 • координати48°16′44.46″N 38°32′15.75″E / 48.2790167° СГШ; 38.5377083° ИГД / 48.2790167; 38.5377083
УстиеАзовско Море (Таганрошки Залив)
 • координати
47°16′40″N 38°48′33.8″E / 47.27778° СГШ; 38.809389° ИГД / 47.27778; 38.809389
Големина на сливот6 680 км2
Проток 
 • просечен12,1 м3
Особености на сливот

Течение уреди

The извира од Донечкото Горје во Донечката област, југоисточна Украина. Тече низ таа област, а потоа и низ Луганската во источна Украина; потоа преминува во Ростовкста област во Русија; на крајот завршува влевајќи се во Азовското Море на североисточниот крај од средоземниот слив.

Устието на Миус се наоѓа во Таганрошкиот Залив на Азовско Море, западно од градот Таганрог, Русија.

Поважни притоки уреди

  • Десни: Глухаја, Ољховчик Кринка
  • Леви: Миусик, Крепењкаја, Нагољнаја

Историја уреди

Реката е позната под ова име уште во древноста, кога подрачјето го населувале иранојазични народи како Скитите и Сарматите.[2] На овие јазици, името Миус значи „бакар“ (спор. таџички: мис). За ова сведочи распространетоста на бакарните рудници на подрачјето на Донбас во бронзеното време.[3]

Миус се прочул во Втората светска војна, кога долж неа во 1941 г. германскиот генерал Евалд фон Клајст ја изградил силно утврдената одбранбена линија наречена „Миуски фронт“. Помеѓу 1941 и 1943 г. овде се одиграле низа жетоки борби во Битката кај Ростов. Во 1943 г. е спроведена т.н. Донбаска операција со која советската војска конечно успеала да го пробие Миускиот фронт кај селото Кујбишево.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Миус“. Голема советска енциклопедија. Посетено на 17 јануари 2019. (руски)
  2. „Озёра Южного Урала (буква М)“. toposural.ru. Архивирано од изворникот на 2018-06-18. Посетено на 2019-01-17. (руски)
  3. „ГЕОЛОГО-МИНЕРАЛОГИЧЕСКИЕ ИССЛЕДОВАНИЯ ДРЕВНИХ МЕДНЫХ РУДНИКОВ В ДОНБАССЕ“. www.masters.donntu.edu.ua. Архивирано од изворникот на 2014-10-16. Посетено на 16 октомври 2014.

Надворешни врски уреди

  •   Миус на Ризницата ?
  • „Празнување на 9 мај на Миускиот фронт“. Поездник. Архивирано од изворникот на 2012-05-12. Посетено на 17 јануари 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link) (руски)
  • „Миус“. Воден туризам на Украина. Посетено на 17 јануари 2019. (руски)
  • „Миус во фотографии“. Клуб РГУ „Ковчег“. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 17 јануари 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link) (руски)