Митрашинци

село во Општина Берово

Митрашинци — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.

Митрашинци

Поглед на селото Митрашинци

Митрашинци во рамките на Македонија
Митрашинци
Местоположба на Митрашинци во Македонија
Митрашинци на карта

Карта

Координати 41°46′32″N 22°44′21″E / 41.77556° СГШ; 22.73917° ИГД / 41.77556; 22.73917
Регион  Источен
Општина  Берово
Област Малешевија
Население 555 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2330
Повик. бр. 033
Шифра на КО 01007
Надм. вис. 786 м
Слава Света Троица
Митрашинци на општинската карта

Атарот на Митрашинци во рамките на општината
Митрашинци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Митрашинци се наоѓа во Малешевијата, северозападно од Берово. Ова големо село се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Берово, чиј голем атар се допира со просторите на општините Виница и Делчево. Селото е ридско, на надморска височина од 800 до 840 метри. Во селото има поток, кој мештаните на локалниот говор го нарекуваат „андак“.[2] Од градот Берово, селото Митрашинци е оддалечено 17 километри. Митрашинци има мошне голем атар којшто зафаќа површина од 54,1 км2.[3]

Историја уреди

Во отомански даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Малешева од 1621 - 1622 година е забележано село Митрасин со 64 џизие домаќинства.

Во XIX век, Митрашинци било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

На 17 септември 1944, во Митрашинци биле создадени Тринаесеттата и Четиринаесеттата македонска ударна бригада.

Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство уреди

Во атарот на селото преовладуваат шумите на површина од 2.933 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 1.608 хектари, а на пасиштата 844 хектари. Селото во основа има мешовита земјоделска функција.[3] Населението главно се занимава со житарство, а се одгледува и компир и модра слива. Некои семејства одлгедуваат по 2000 дрвја со модра слива. Во селото е развиено и сточарството, а се одлгедуваат крави и овци.[2]

Панорамски поглед на Митрашинци, погледнато од објект покрај подрачното основно училиште

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.118—    
19531.245+11.4%
19611.149−7.7%
19711.054−8.3%
1981965−8.4%
ГодинаНас.±%
1991861−10.8%
1994794−7.8%
2002729−8.2%
2021555−23.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Митрашинци имало 1.150 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Митрашинци имало 1.216 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Македонци.[7]

Поради иселување на населението, Митрашинци според бројноста на жителите преминало од голема во средна населба, а по големиот пад во последните два пописи е забележано стабилизирање на бројката на населението. Така, селото во 1961 година броело 1.149 жители, а во 1994 година се намалил на 794 жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 729 жители, од кои 728 Македонци и 1 Србин.[8] Во селото има околу 350 куќи.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 555 жители, од кои 519 Македонци, 1 Србин, 2 останати и 33 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.150 1.216 1.118 1.245 1.149 1.054 965 861 794 729 555
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Познати родови со потекло од селото се: Стоилковци, Тркалевци, Боболинци, Мустачки, Поповци и Трновци. Се вели дека во селото има цели маала населени со припадници на родовите Тркалевци и Трновци.[2]

Општествени установи уреди

 
Подрачното основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ сместено покрај асфалтниот пат на влезот во селото

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Митрашинци.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Митрашинци се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Негрево, Робово, Умлена, Црник и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0012 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 568 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Новоизградената црква „Св. Илија“ надвор од селото
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]
Споменици

Редовни настани уреди

Личности уреди

Живееле во Митрашинци
Починати во Митрашинци

Култура и спорт уреди

Традитионално, пред Илинден се одржува илинденски турнир во мал фудбал.[2]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Според кажување на Благоја Тркалевски, жител на селото. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Кирил Симеоновски и Ѕвонко Петровски на 12.11.2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 198. Посетено на 8 јануари 2017.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јануари 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „ОУ „Дедо Иљо Малешевски". македонски: Општина Берово. Посетено на 8 јануари 2017.
  15. „Клон с. Митрашинци“. Градинка 23 Август Берово. Берово. Архивирано од изворникот на 2016-10-29. Посетено на 8 јануари 2017.
  16. „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
  17. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 43. Посетено на 10 јануари 2017.[мртва врска]

Надворешни врски уреди