Мирослав Клозе (полски: Mirosław Marian Klose, германски: Miroslav Josef Klose, роден во Ополе, Полска, 9 јуни 1978) — пензиониран германски фудбалер, напаѓач, каде што кариерата ја завршил во италијанскиот клуб Лацио во Серија А и германската репрезентација.

Германија Мирослав Клозе
Лични податоци
Роден на 9 јуни 1978(1978-06-09)(45 г.)
Роден во Ополе, Полска
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Лацио Лацио
Број 11
Младинска кариера
Блаубах-Диделкопф
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997–1998 Блаубах-Диделкопф
1998-1999 Хомбург 08 18 (1)
1999–2004 Кајзерслаутерн 120 (44)
2004-2007 Вердер Бремен 89 (53)
2007-2011 Бајерн Минхен 98 (24)
2011-2016 Лацио 139 (54)
Репрезентација
2001-2014  Германија 137 (71)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Личен живот уреди

Неговата мајка Барбара e Полјакиња и била член на одбојкарската репрезентација на Полска (82 меѓународни натпревари), а татко му Јозеф Клосе е Германец и играл фудбал за Одра и Осер. Семејството се преселило најпрво во Франција, а подоцна во 1987 година во Кусел, Германија.

Кариера уреди

Клупска кариера уреди

Клозе ја започнал својата кариера во аматерската екипа Блаубах-Диделкопф. Во 1998 година се преселил во екипата на Хомбург 08, каде што останал само една сезона пред да направи трансфер во Кајзерслаутерн. Во дресот на Кајзерслаутерн одиграл 132 натпревари и постигнал 47 голови. Во 2004 година потпишал за Вердер Бремен, а во 2007 дошол во Бајерн Минхен, со кој ја освоил титулата во Бундеслигата двапати во сезоните 2007-08 и 2009-10. Од 2011 година мастапува во Серија А за екипата на Лацио.

Репрезентативна кариера уреди

Првиот повик за репрезентацијата го доби во 2001 година, каде дебитираше во квалификацискиот меч за Светското првенство 2002 против Албанија и постигна еден гол. Отиде на Светско и на првиот натпревар против репрезентацијата на Саудиска Арабија постигна хет-трик. Тој учествуваше и на Светско првенство во фудбал 2006, кадешто освои титула за најдобар стрелец со дадени пет гола. На Светското 2010 постигна четири гола, а голот против Гана во вториот круг на групната фаза на Светското првенство во 2014 година го изедначи со Роналдо на прво место на вечната список на стрелци во светските првенства со 15 гола.

За репрезентацијата на Германија до 7 јуни 2014 година одигра 132 натпревари и постигна 69 голови. Постигнувајќи го 69 гол за репрезентацијата на 6 јуни стана најдобриот стрелец на германската репрезентација во историјата.

Надворешни врски уреди