„Мирно лето“ — македонски филм од 1961 година, во режија на Димитрие Османли, а по сценариото на Фрида Филиповиќ. Улогите ги толкуваат: Љупка Џундева, Слободан Перовиќ, Дарко Дамески, Илија Милчин, Мери Бошкова, Петре Прличко и Стојка Цекова. Снимен со 35. милиметарска камера и во црно-бела техника, филмот трае 99 минути. Филмот е познат како првата македонска филмска комедија.[1]

„Мирно лето“
РежисерДимитрие Османли
СценаристФрида Филиповиќ
Главни улогиЉупка Џундева
Мери Бошкова
Дарко Дамески
Илија Милчин
Слободан Перовиќ
Петре Прличко
Стојка Цекова
Илија Џувалековски
МузикаСавин Драгутин
КинематографијаЉубе Петковски
Мишо Самоиловски
МонтажаМаја Лазаров
Премиера1961
Времетраење99 минути
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

Содржина уреди

Младиот научен работник Заре Мисевски и неговата сопруга Мира, костимограф во театар, живеат во изнајмена соба како потстанари, постојано изложени на вознемирувања и љубопитност на соседите. Во вакви околности, на Заре му се доделени клучевите на Етнографскиот музеј во Охрид, заради негово средување, што за семејството Мисевски значи бегство во оаза на мир и тишина, за време на трите летни месеци, колку што треба да престојуваат во Охрид. Сакајќи својата радост да ја споделат со пријателите, Заре и Мира, секој за себе, раскажуваат за добиената „премија“. Лето е, Заре и Мира се веќе во Охрид, во музејската зграда. Заре работи на својот проект, а Мира слика и се труди да не му пречи во работата. Но, проблемите почнуваат кога еден ден, на гости им доаѓа колешката на Мира, Дара Љубина, разочарана од неславниот крај на последната љубовна врска. Револтот на Заре сè уште не е стивнат, а во нивниот привремен дом доаѓа Нестор Гиевски, некогашен факултетски професор на Заре, кој патувајќи кон Атина, наминал кај нив на одмор. На новонастанатата ситуација, Заре и Мира бргу се привикнуваат, но не за долго. Братот на Мира, со своето друштво, дошол на гости кај сестрата и зетот. Инвазијата на музејот продолжува. Во дворот на музејот стигнуваат стрикото и стрината на Заре и семејството Поп-Коцеви, кои имајќи проблеми со сместувањето, на покана на стрико Тале, дошле во музејот. Ситуацијата во куќата веќе не може да се контролира, зашто владее општ метеж.

Наводи уреди