Мириц (германски: Müritz, од словенското morcze што означува „мало море“) — езеро во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, северна Германија. Неговата површина е 117 км2, што го прави второ најголемо езеро во Германија (зад Боденското Езеро) и најголемо езеро кое целосно лежи во Германија.

Мириц
Пристаништето во Варен во текот на Регатата Мириц
ПодрачјеМекленбуршка Езерска Област, Мекленбург-Западна Померанија
Координати53°25′N 12°41′E / 53.417° СГШ; 12.683° ИГД / 53.417; 12.683Координати: 53°25′N 12°41′E / 53.417° СГШ; 12.683° ИГД / 53.417; 12.683
Видмезотрофно
Главни приливиЕлде
Главни истециЕлде
Слив{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
663 км2 км2
Сливни земји Германија
Најг. должина17,8 км км
Најг. ширина9,9 км км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
117 км2 км2
Прос. длабочина6 м м
Најг. длабочина31 м м
Проточност15 години (?)
Надм. височина62 м м
Населени местаВарен, Ребел

Неговата максимална длабочина е 31 метар. Во него се влева и од него истекува реката Елде. Дел од Мириц и блиските шуми и мочуришта влегуваат во рамки на Националниот парк Мириц. Поранешниот истоимен округ бил именуван по езерото. Најголеми градови кои се наоѓаат околу езерото се Варен и Ребел, обата големи туристички одморалишта во Мекленбуршката Езерска Област.

Езерото Мириц е дел од каналот Мириц-Елде.[1] Управувано е од водостопанското и бродското претпријатие Лауенбург (Wasser- und Schifffahrtsamt Lauenburg).

Географија уреди

Делови уреди

 
Езерото Мириц во Ребел

Сливот на Мириц е поделен на неколку големи заливи. За разлика од плиткиот источен дел на езерото, западната страна е поделена на неколку каналски протоци, како што е Ребелскиот и Зитовскиот Залив (Röbeler Bucht и Sietower Bucht). Кај градот Варен на северниот брег на езерото е Биненмириц (Binnenmüritz), кое ја содржи најдлабоката точка на езерото (31 метар), кое е поврзано со главниот дел од Езерото Мириц преку тесен премин. На јужниот брег е Малиот Мириц (Kleine Müritz) од кој се одвојуваат Мирицарм и Мирицзе понатаму на југ. Езерото Мириц зазема околу 29 километри од север на југ и околу 13 километри од исток на запад и има сливно подрачје од околу 663 км2. Низ Мириц поминува реката Елде од југ на север и има врска до Келпинското Езеро на запад од Биненмириц преку каналот Рек, кој е долг околу два километри. Поради тоа што е поврзано со реката Хафел на исток преку каналот Миров, кој е дел од каналот Мириц-Хафел и каналот Болтер, како и преку низата други езера, вештачки бил претворен во бифуркациона водена површина.

 
Градското пристаниште во Варен

Создавање уреди

Езерото Мириц било создадено во текот на последното ледено доба помеѓу Померанија и Франкфурт. Првично целата Мекленбуршка Езерска Област било огромно езеро, кое подоцна се поделило на неколку помали езера, поврзани едно со друго, како последица на падот на морското ниво.

Ниво на вода уреди

Нивото на вода на Езерото Мириц се менувале неколкупати во последните векови, првично како последица на човечките влијанија. Во 12 век, површината на езерото била сè уште 60,5 метри над морето. Од 1737 површината на езерото пораснала на 64,35 метри поради зголемените потреби за вода долж реката Елде. Но, до 1739 било намалено за 1,51 метар. При додавањето на Елде и понатамошните промени со водениците, езерото го достигнало денешното ниво од 62 метри во 1836.[2]

 
Бродски куќи пред Ребел

Населби уреди

Најголем град на Езерото Мириц е Варен. Други населби се (надесно) Рехлин, Приборн, Фиперов, Лудорф, Ребел, Готун, Зитов и Клинк.

Наводи уреди

  1. Verzeichnis E, Lfd. Nr. 35 der Chronik Архивирано на 22 јули 2016 г., Wasser- und Schifffahrtsverwaltung des Bundes
  2. Fred Ruchhöft: Der Wasserstand der „Oberen Seen“ in Mecklenburg in Mittelalter und früher Neuzeit in: Archäologische Berichte aus Mecklenburg-Vorpommern, Vol. 6, 1999

Надворешни врски уреди

  • Никсдорф, Б. (2004), „Müritz“, Dokumentation von Zustand und Entwicklung der wichtigsten Seen Deutschlands (германски), Берлин: Сојузна служба за животна средина (Umweltbundesamt), стр. 191 Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  • Национален парк Мириц Архивирано на 17 февруари 2010 г.
  • Мирицојм - центар за посетители во Варен
  • Официјална страница на Варен
  • Официјална страница на Ребел-Мириц