Минтан[1][2] — старински капут, вид горна облека со долги тесни ракави. Тоа е првенствено поврзано со културата на облека на православното население на Балканот. Минтанот го носеле и мажи и жени, а го има и во детската облека.[3]

Женски минтан

Начинот на облекување на минтанот уреди

Мажите носеле кошули направени од памучно платно од домашно производство, а преку кошулата носеле минтан што бил закопчуван до грлото. Часовникот честопати бил дел од носијата и некои мажи го ставале во внатрешниот џеб на минтанот, така што можел да се види само синџирот на часовникот. Исто така, кесето со златници и сребреници се носел во внатрешниот џеб на минтанот, додека поситните пари се носеле во појасот.

Жените носеле минтан преку кошулите, обично направени од свилена ткаенина. Имало и кратки тесни минтани со широки ракави. Детските минтани биле претежно изработени од шарена ткаенина, се закопчувале до грлото, тесни ракави кои исто така беа закопчени.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „минтан“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „минтан“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Вукановић, Татомир (1978.). Врање. Врање: Рднички Универзитет у Врању. стр. 155–170. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)

Литература уреди

  • В. Татомир, Врање, Раднички Универзитет у Врању, Врање, 1978.