Министерство за одбрана на Македонија

Министерството за одбрана на Македонија (службено: Министерство за одбрана на Република Северна Македонија), е едно од прво втемелените министерства по осамостојувањето во 1991 година и ја презема контролата врз Армијата на Република Македонија во соработка со претседателот на државата. Актуелен министер за одбрана е Славјанка Петровска.

Министерство за одбрана
Податоци за органот
Основан 1991
Надлежност Влада на Македонија
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 7,530[1] (2017)
Годишен буџет 6,5 милијарди MKD[2] (2018)
Надлежен министер Славјанка Петровска
Мрежно место
morm.gov.mk


Структура уреди

Управното уредување и процедурите во областа на одбраната во Република Македонија се дефинирани со уставотот, законот за одбрана и со задачите на законодавната и извршната власт. Командувањето во вооружените сили е засновано врз единството во командувањето при употребата на силите и средствата, едностарешинството и обврската за извршување на одлуките и наредбите на претпоставениот.

Меѓукоординација на државните органи уреди

Претседателот на Република Македонија е Врховен командант на вооружените сили.

Претседателот ги донесува одбранбениот план и стратегија, одлуките за спроведување на готовноста, ја одобрува организациско-формациската структура на армијата, донесува документи за развој, одлуки за нејзина мобилизација и друго. Претседателот исто така претседава и со Советот за безбедност на Република Македонија. Советот за безбедност ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Република Македонија и дава предлози на Собранието и на Владата.

Собранието на Република Македонија ги надгледува компетенциите на Владата сврзани со одбраната, донесува одлуки за постоење на непосредна закана од војна, прогласува настанување на воена состојба и мир и го донесува воениот буџет. Слични одговорности има и собраниската комисија за одбрана и безбедност.

Владата на Република Македонија ги има надлежностите во врска со донесувањето на предлогот на одбранбениот план, предлогот на буџетот за одбрана и друго.

Министерството за одбрана ја подготвува одбранбената стратегија, ја изработува проценката на можните ризици и закани, одговорно е за одбранбениот систем, обуката и готовноста на вооружените сили, опременоста и развојот, го предлага буџетот за одбрана и друго.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2017 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-18. Посетено на 2019-06-09.
  2. „Буџет на Република Македонија за 2018 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2019-10-19. Посетено на 2018-11-22.

Надворешни врски уреди