Министер или повереник[1]политичар кој има важна управна улога во рамките на една национална или регионална влада на една држава. Тие се членови на кабинетот, обично под водство на монарх, генерален гувернер или претседател. Во уставните монархии суверениот или поткралот, и во полупретседателските земји, претседателот го има премиерот како главен советник.

Овој серијал е дел од
темата „Политика

Системи

Портал „Политика“

Потекло уреди

Поимот „министер“ води потекло од средноанглиски израз, кој пак влече корени од старофранцускиот збор ministre, од латински: minister, што значи 'слуга' [2]. Во некои земји (како САД, Хонгконг, Филипините и Обединетото Кралство), таквото лице се нарекува секретар. Овој поим е користен и сѐ уште се користи во дипломатијата за второстепени дипломати (шефови на пратеништво). Во некои земји оваа функција се нарекува секретар.

Избор уреди

Кај многу парламентарни системи на управување, особено оние со Вестминстерски модел како Обединетото Кралство, Канада и Австралија, мнистрите мораат да бидат избрани од законодавно тело. Кај претседателските системи на управа како САД и Мексико, министрите ги назначува претседателот, и не се избираат од парламентот.

Видови на министри уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „повереник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. [https://web.archive.org/web/20070816094750/http://www.answers.com/minister%26r%3D67 Архивирано на 16 август 2007 г. „министер“: дефиниција, синоними и многу повеќе од Answers.com (англиски)