Милетино

село во Општина Брвеница

Милетино — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово.

Милетино

Панорама на Милетино

Милетино во рамките на Македонија
Милетино
Местоположба на Милетино во Македонија
Милетино на карта

Карта

Координати 41°54′27″N 21°1′0″E / 41.90750° СГШ; 21.01667° ИГД / 41.90750; 21.01667
Општина  Брвеница
Население 1.674 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28046, 28546
Милетино на општинската карта

Атарот на Милетино во рамките на општината
Милетино на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Милетино се наоѓа во подножјето на Сува Гора, во близина на реката Вардар.

Милетино се наоѓа помеѓу селата Челопек и Блаце.

Историја уреди

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.310—    
19531.397+6.6%
19611.498+7.2%
19711.609+7.4%
19811.820+13.1%
ГодинаНас.±%
1991664−63.5%
19941.786+169.0%
20021.986+11.2%
20211.674−15.7%

Според статистичките пребројувања од 1453 додина во Милетино живееле исклучиво Македонци и тоа 88 семејства, 8 вдовици и 10 неженети. Додека пак во следниот попис во 1468 година има нагло зголемување на македонското население и тоа на 145 семејства, 6 вдовици и 7 неженети.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Милетино живееле 335 жители, од кои 200 Македонци и 135 Албанци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Милетино имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Рускиот филолог Афанасил Селишчев запишал дека во 1929 година селото имало 790 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци, 350 Албанци и 50 Турци.[6]

Според пописот од 2002 година, селото Милетино брои 1986 жители, од кои 642 Македонци, 1.336 Албанци, 2 Срби и 6 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.674 жители, од кои 501 Македонец, 1.105 Албанци, 1 Србин, 3 останати и 64 лица без податоци.[8]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.310
1953 717 645 14 4 11 6 1.397
1961 749 673 72 4 1.498
1971 679 882 39 2 7 1.609
1981 658 1.113 31 18 1.820
1991 650 8 3 3 664
1994 638 1.142 2 2 2 1.786
2002 642 1.336 2 6 1.986
2021 501 1.105 1 3 64 1.674

Родови уреди

Милетино е македонско-албанско-турско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Македонски родови во селото се:
  • Стаматовци (2 к.) стар селски род. Имаат иселеници во Белград (едно семејство).
  • Тасевци (3 к.) стар селски род. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Кнушој или Николовци (6 к.) стари доселеници од Порече. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Филиповци или Карадаг (14 к.) доселени се од некое село на планината Скопска Црна Гора. Имаат иселеници во Белград.
  • Топаловци (19 к.) доселени се од некое село во Охридско. Овде дошол основачот на родот Топал, го знаат следното родословие: Паун (жив на 78 г. во 1946 година) Аврам-Ѓоргија-Злате-Топал, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Белград (две семејства).
  • Влкановци (3 к.) доселени се од некое албанско село на Шар Планина, го знаат следното родословие: Блаже (жив на 38 г. во 1946 година) Петруш-Анѓеле-Влкан, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Челопек.
  • Станчевци (11 к.) доселени се однекаде. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство).
  • Самарковци (1 к.) доселени се и они однекаде.
  • Џамадај или Маковци (8 к.) доселени се однекаде, се доселил основачот на родот Мако, го знаат следното родословие: Вељан (жив на 50 г. во 1946 година) Стојан-Аврам-Мако, кој се доселил. Имаат иселеници во Јабука во Војводина.
  • Војној (5 к.) доселени се од некое село во Порече.
  • Ѓорговци (6 к.) доселени се од некое село во Порече. Имаат иселеници во Белград (две семејства), Ќуприја (едно семејство) и во Војводина (едно семејство).
  • Бацој (3 к.) доселени се од сега албанското село Горна Лешница. Имаат иселеници во Теново (едно семејство).
  • Јаковчевци (5 к.) доселени се од Блаце, каде биле староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Коруној (1 к.) и они се од Блаце, потекнуваат од домазет.
  • Јанкуловци (2 к.) и они се од Блаце, таму припаѓале на родот Лукаревци, подалечно потекло од селото Лупште, Порече.
  • Нокој (Новаковић) (1 к.) доселени се од Косово, го знаат следното родословие: Новак (жив на 44 г. во 1946 година) Димитрије-Тодосије-Новак-Јован, кој дошол во селото.
  • Ќулумовци или Цветковци (1 к.) доселени се од Порече. Имаат иселеници во Белград (едно семејство).
  • Стојчевци (2 к.) доселени се од сега албанското село Горна Лешница.
  • Шутковци (1 к.) доселени се од селото Блаце.
  • Филип (1 к.) дојдени од селото Томино Село, Порече.
  • Иван или Дебранци (1 к.) доселени се од некое село на Црн Дрим.
  • Вељан (1 к.) доселени се од селото Седларево, нивните роднини таму се поалбанчени.
  • Албански родови во селото се:
  • Амедовци (34 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Имаат иселеници во Темишвар (едно семејство).
  • Ќемаловци (3 к.) стари доселеници, нивното потекло е непознато, можеби се од турско потекло.
  • Таировци или Имеровци (14 к.) доселени се од Дебарско, го знаат следното родословие: Ајет (жив на 55 г. во 1946 година) Реџеп-Алија-Нуија, еден од нивните први доселеници. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Шаракат (8 к.) доселени се од селото Ѓурговиште на Шар Планина, го знаат следното родословие: Куртиш (жив на 80 г. во 1946 година) Реџеп-Зибер, еден од браќата кој се доселил.
  • Реџеповци (5 к.) доселени се од некое село западно од Дебар го знаат следното родословие: Азир (жив на 50 г. во 1946 година) Амет-Рушан-Реџо, кој се доселил во селото.
  • Османовци (3 к.) доселени се од селото Падалиште, подалечно потекло од северна Албанија. Имаат иселеници во Долно Синичино.
  • Миџаит (1 к.) скоро доселени, не сакале да кажат од каде.
  • Азис (1 к.) исто така доселени скоро, доселени се од Дебарско.
  • Турски родови во селото се:
  • Агалари (5 к.) доселени се овде преку Тетово, подалечно потекло од Мала Азија, го знаат следното родословие: Арслан (жив на 60 г. во 1946 година) Рушан-Мамут-Арслан-Ага, кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (три семејства).
  • Зенул-Агини (2 к.) доселени се од Врапчиште, викаат дека се од турско потекло. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).[10]

Општествени установи уреди

 
Милетска женска македонска и албанска женска и машка носија
Цркви

Самоуправа и политика уреди

Милетино е центар на Милетинската парохија при Тетовското архијерејско намесништво на МПЦ.

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 2042 и 2043 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.919 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости уреди

  • Милин Град - археолошко наоѓалиште, каде е пронајден еден јонски капител;[13]

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Галерија уреди

Занимливости уреди

Ајде на билје, билје да бериме
Ајде на билје Јано, дејче мори,
Билје да бериме о, ииии
Билје да береме на средниот камен,
билје да береме, стадо да крмиме,
стадо да крмиме, стадо братово.
(песна која се пее кога се берат билки, односно вечерта споти Ѓурѓовден)[15]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Составот на населението во Тетовската нахија во XV век“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2008-07-05.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.212.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
  5. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2008-07-05.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Виктор Лилчиќ; Македонскиот камен за боговите, христијаните и за живот по животот, том прв, Скопје 2001, страници 293-295.
  14. Пратеничка група 1998-2002[мртва врска]
  15. Величковска, Родна (2008). Музичките дијалекти во Македонското традиционално народно пеење. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. ISBN 9789989642012.

Надворешни врски уреди