Домашно милениче е животно кое живее со човекот, во куќа/стан или во дворот, за разлика од слободните животни, животните во лабораториите, животните во служба на полицијата или некоја друга работа и животни за спорт, кои се одржуваат од економски причини. Најпопуларните миленичиња се познати по своите лојални или разиграни одлики и привлечниот изглед.

Куче и мачка се омилени домашни миленичиња.

Домашни миленичиња генерално им пружаат на своите сопственици незанемарливи здравствени бенефиции;[1] се покажало дека поседувањето на некое милениче помага во отстранувањето на стресот за оние кои ги сакаат животните. Денес постои медицински докажана класа на „терапевтски“ животни, а во неа спаѓаат повеќето кучиња, која може да им помогне на ограничените или беспомошните луѓе. Прошетката на кучето претставува вежба и за сопственикот и за кучето, а исто така се обезбедуваат и свеж воздух и социјални дружби.

Наводи уреди

  1. „The Health Benefits of Pets“. US Government National Institute of Health. Архивирано од изворникот на 2012-05-05. Посетено на 25 декември 2006.

Надворешни врски уреди