Миленау (германски: Mühlenau; исто така: Релау и Релингбек) — поток, а подоцна мала река, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн.

Миленау
Миленау во Пинеберг во зимата 2008 година
Место Германија, Шлезвиг-Холштајн
Потекло соединување на повеќе потоци кај Холмор
53°42′43″N 9°56′20″E / 53.712° СГШ; 9.938972° ИГД / 53.712; 9.938972
Висина на изворот 21,5 м над м.н.
Утока во Пинау во Пинеберг
53°23′37″N 9°28′12″E / 53.3937° СГШ; 9.4700° ИГД / 53.3937; 9.4700
Висина на утоката 2 м над м.н.
Спуст 19,5 м
Слив Елба
Одлив Пинау → Елба → Северно Море
Слив 129 км²
Десни притоки Бек
Леви притоки Ругенведелзау, Дипенау
Миленау во Пинеберг

Миленау извира во источниот дел на природниот парк Холмор (кај градот Квикборн) од повеќе потоци. Потоа продолжува во шумската област помеѓу Нордерштет и Хасло, по што како лева притока во неа се влева поголемата Морбек. Понатаму, ги поминува Бенингштет и Елербек, како и Релинген, од каде е позната и како Релау (Rellau).

Јужно од Релинген навлегува во Пинеберг. Тука во неа се влева Дипенау. На крајот, Миленау во западниот дел на градот Пинеберг се влева во реката Пинау.

Поврзано уреди