Милано-Санремо 2016

издание во 2016 година на велосипедската трка Милано-Сан Ремо

Милано-Санремо 2016 — 107. издание на велосипедскиот класик Милано-Санремо, кој се одржал на 19 март 2016 година. Претставувала четврта трка во сезоната на Светската турнеја, а прва еднодневна трка.[1]

Милано-Санремо 2016
Детали за трката
Издание107. Милано-Санремо
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2016 1.UWT
Датум19 март 2016
Растојание293 км
ДржаваITA Италија
ПоаѓалиштеМилано
ОдредиштеСанремо
Екипи25
Возачи на почеток199
Возачи на крај180
Просечна брзина42,387 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникFRA Арно Демар (ФДЖ)
ВторопласиранGBR Бен Свифт (Тим Скај)
ТретопласиранBEL Јирген Рулантс (Лото-Судал)
◀20152017▶
Документација

Трката била освоена од Арно Демар во спринтерска завршница, пред Бен Свифт (Тим Скај) и Јирген Рулантс (Лото-Судал). Завршницата била попречена од падот на Фернандо Гавирија (Етикс-Квик Степ), предизвикувајќи неколку возачи да кочат за да го избегнат, со што не биле во можност да спринтаат. Лизгањето на земјиште на патот предизвикало трката да биде пренасочена во должина од 9 километри.

Рута уреди

Рутата била поставена на 291 километар. Генерално се сметала дека е погодна за спринтерите, трката почнувала од Милано до традиционалното одредиште во Санремо. Завршниот дел на трката ги вклучувал искачувањата на Чипреса и Поџо, кои обично биле одлучувачки за исходите на трката. На рутата, возачите го имале и 35-километарското искачување Пасо дело Турчино, иако не било сметано за клучна точка на трката. По Турчино, рутата се движела долж брегот од Џенова до завршницата во Санремо. На помалку од 50 километри пред целта, започнувал првиот од крајбрежните искачувања, Капо Меле, Капо Черво и Капо Берта, пред последните две искачувања до целта.[2]

Лизгањето на земјиште утрината пред трката на 130. километар предизвикал рутата на трката да биде малку изменета, со што возачите имале пренасочување.[3]

Екипи уреди

Бидејќи Милано-Санремо е дел од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканет и се обврзани да учествуваат,[4] а на седум професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани, со што вкупно 200 возачи учествувале на трката.[5][6] Бидејќи Морено Хофланд (Лото НЛ-Џамбо) не ја започнал трката поради болест, 199 возачи биле на стартот на трката.[7]

Екипи во Светска турнеја на UCI

Професионални континентални екипи

Фаворити пред трката уреди

Бранителот на титулата, Џон Дегенколб, го пропуштил Милано-Санремо по здобиените повреди на тренинг во почетокот на сезоната.[8][9] Во негово отсуство, победникот од 2014 година, Александер Кристоф (Катјуша) бил сметан за главен фаворит за победа.[10] Фабијан Канчелара (Трек-Сегафредо) бил високо оценет дека на неговото последно појавување на трката ќе има добар резултат, како поранешен победник и со силната форма, победувајќи на Страде Бјанке претходно во сезоната.[11] Светскиот првак Петер Саган (Тинкоф) исто така бил сметан за фаворит, покажувајќи добра форма, иако сè уште немал победа во 2016 година.[10] Го носел бројот еден во отсуство на Дегенколб.[2]

Двајца возачи дошле со големи успеси на Милано-Санремо, Мајкл Метјус (Орика-БајкЕксчејнџ), кој освоил две етапи на Париз-Ница само една недела претходно, додека Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер) го освоил генералниот пласман на Тирено-Адријатико. Други фаворити биле Алехандро Валверде (Мовистар Тим), Николо Бонифацио (Трек-Сегафредо), Бен Свифт, Герајнт Томас и Михал Квјатковски (сите Тим Скај),[10] Насер Бухани (Кофидис), Здењек Штибар (Етикс-Квик Степ), Саша Модоло (Лампре-Мерида), Тони Галопен (Лото-Судал), Арно Демар (ФДЖ), Едвалд Боасон Хаген (Тим Дименжн Дата) и Сајмон Кларк (Канондејл-Драпак). Победникот од 2009 година Марк Кевендиш (Тим Дименжн Дата) бил исто така сметан за можен победник.[2] Во меѓувреме, Астана го именувала Винченцо Нибали за нивен водач на трката, возејќи по десетти пат во неговата кариера.[12] Друг возач бил сметан за можен фаворит, Том Димулен (Џајант-Алпецин), но бил спречен на трката поради грип.[13] Германскиот спринтер Андре Грајпел (Лото-Судал) ја пропуштил трката откако скршил три ребра на Волта ао Алгарве.[14]

Извештај од трката уреди

Со сонце и топло време, трката започнала во Милано. Бегството се одвоило на 14. километар, вклучувајќи ги Гедиминас Багдонас (Аг2р-Ла Мондијал), Сергеј Твецов (Андрони Џокатоли-Сидермек), Мирко Маестри (Бардијани-ЦСФ), Јан Барта (Бора-Аргон 18), Адријан Курек (ЦЦЦ-Спранди-Полковице), Рогер Клуге (ИАМ Сајклинг), Матео Боно (Лампре-Мерида), Самуеле Конти ({{{име на тимот-2016}}}), Мартен Тјалинги (Лото НЛ-Џамбо), Андреја Перон (Тим Ново Нордиск) и Марко Коледан (Трек-Сегафредо). Групата имал максимално водство од главната група од 10:35 минути. Потоа, Тинкоф и Орика-БајкЕксчејнџ започнале со посилно темпо и водството било намалено на пет минути на врвот на Турчино.

Како водечката група пристигнала на првото крајбрежно искачување Капо Меле, разликата изнесувала 2:18 минути. Во меѓувреме, првите падови се случиле во групата, со Жилиен Вермот (Етикс-Квик Степ) и Федерико Ѕурло (Лампре-Мерида) како први жртви. На Капо Берта, водството на групата напред било околу минута, додека Марко Халер (Катјуша) паднал на следниот спуст, со што се вратил во главната група. Друг пад се случил малку подоцна. Мајкл Метјус и Питер Кенох (Тим Скај) биле најпознатите возачи кои паднале, но успеал да се вратат во групата.

Бегството било достигнувато на 25 километри пред крајот. На искачувањето Чипреса, Џовани Висконти (Мовистар Тим) и Ијан Станард (Тим Скај) нападнале, а им се приклучиле Даниел Ос (Ванти-Груп Гобер), Матео Монтагути (Аг2р-Ла Мондијал) и Фабио Сабатини (Етикс-Квик Степ) на спустот. Арно Демар паднал на искачувањето, но успеал повторно да се врати назад. Катјуша го поставувала темпото на последното искачување, но Михал Квјатковски се одвоил на 6 километри од завршницата. Винченцо Нибали го следел на спустот и групата од фаворити ги достигнала пред целта, откако Фабијан Канчелара извел напад, но бил следен од Матео Трентин (Етикс-Квик Степ). На 1 километар пред крајот, Едвалд Боасон Хаген го започнал последниот напад, но не успеал и кон целта се упатила целата група. Кратко пред целта, допир на трката довел до пад на Фернандо Гавирија (Етикс-Квик Степ), што предизвикало неколку возачи да прикочат и да не учествуваат во завршниот спринт, меѓу кои и Петер Саган. Во масовниот спринт, Арно Демар излегол најдобар и го освоил својот прв велосипедски монумент, пред Бен Свифт и Јирген Рулантс (Лото-Судал). Демар бил првиот Французин кој го освоил Милано-Санремо од 1995 година.[15]

Резултати уреди

Резултат од трката
Место Возач Екипа Време
1   Арно Демар (ФРА) ФДЖ 6ч 54' 45"
2   Бен Свифт (ВБР) Тим Скај и.в.
3   Јирген Рулантс (БЕЛ) Лото-Судал и.в.
4   Насер Бухани (ФРА) Кофидис и.в.
5   Грег ван Авермат (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер и.в.
6   Александер Кристоф (НОР) Катјуша и.в.
7   Хајнрих Хауслер (АВС) ИАМ Сајклинг и.в.
8   Филипо Поцато (ИТА) {{{име на тимот-2016}}} и.в.
9   Сони Колбрели (ИТА) Бардијани-ЦСФ и.в.
10   Матео Трентин (ИТА) Етикс-Квик Степ и.в.
Извор: ProCyclingStats

Наводи уреди

  1. Вин, Најџел. „Календар на Светската турнеја на UCI 2016“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 20 февруари 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Is the timing right for a generational shift at Milan-San Remo?“. cyclingnews.com. 17 март 2016. Архивирано од изворникот на 2016-03-18. Посетено на 19 март 2016.
  3. „Landslide hits Milan-San Remo course“. cyclingnews.com. 19 март 2016. Посетено на 19 март 2016.
  4. „Велосипедски одредби UCI: Дел 2: Друмски трки стр. 110“ (PDF). Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 февруари 2016.
  5. „Објавени специјалните покани за Џиро д'Италија, Тирено-Адријатико и Милано-Санремо 2016“. gazzetta.it. RCS MediaGroup. Посетено на 20 февруари 2016.
  6. „Милано-Санремо 2016 - Почетна листа“. cyclingnews.com. 19 март 2016. Посетено на 19 март 2016.
  7. Вин, Најџел (19 март 2016). „Милано-Санремо започна со сончев почеток“. cyclingweekly.co.uk. Посетено на 19 март 2016.
  8. „Џон Дегенколб и Варан Баргиј помеѓу шесте велосипедисти од Џајант-Алпесин кои биле однесени во болница откако биле удрени од кола“. Irish Independent. 23 јануари 2016.
  9. „John Degenkolb - Es geht voran“. www.johndegenkolb.de (германски). 3 февруари 2016. Архивирано од изворникот 2016-02-11. Посетено на 11 февруари 2016.
  10. 10,0 10,1 10,2 „Милано-Санремо 2016: Александер Кристоф е фаворит на обложувалниците за поврат на круната“. cyclingweekly.co.uk. 18 март 2016. Посетено на 19 март 2016.
  11. Остерман, Остерман (18 март 2016). „Cancellara will noch einmal glänzen“. sportschau.de (германски). Посетено на 19 март 2016.
  12. „Милано-Санремо: Нибали ќе ја води Астана“. cyclingnews.com. 17 март 2016. Посетено на 19 март 2016.
  13. „Милано-Санремо: Димулен надвор со грип“. cyclingnews.com. 17 март 2016. Посетено на 19 март 2016.
  14. „Greipel erleidet dreifachen Rippenbruch“. sportschau.de (германски). 15 март 2016. Посетено на 19 март 2016.
  15. „Milan-San Remo: Demare takes upset win“. cyclingnews.com. 19 март 2016. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 19 март 2016.

Надворешни врски уреди