Механизација е употребата на машини како замена за човечка или животинска сила или употребата на мотори и погони за извршување на задачи од физикален карактер. Употребата на рачни алатки не спаѓа во механизација.

Воден погон, дигалка која се користи за подигање на руда

Изразот највеќе се користи во индустријата и земјоделството. Со примената на погонски алатки како дребунг на парен погон, времетраењето на извршување на задачите драстично се намалило, с со тао се зголемила и продуктивноста. Денес многу мал дел од изградбата на било што се врши рачно.

Воена употреба уреди

Терминот се употребува и кај војската за гасеничарски оклопни возила, особено оклопни транспортери, за превоз на војска кој аинаку би марширала или би се возела во камиони. Механизацијата исто така дтрастично ја подобрила подвижноста и борбената способност на пешадијата. Кај вооружените сили на индустријализираните земји, обично пешадијата е механизирана во целост, можеби со исклучок на воздухопловните сили.