Мето Јовановски (писател)

македонски писател

Мето Јовановски (26 октомври 1928 во Брајчино23 декември 2016 во Скопје) — македонски раскажувач и романописец и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а потоа негов почесен претседател.[1]

Мето Јовановски
Роден 26 октомври 1928
Брајчино, Кралство Југославија
Починал 23 декември 2016(2016-12-23) (возр. 88)
Скопје, Македонија
Деца Борјан Јовановски (син)

Животопис уреди

Бил претседател на македонскиот ПЕН Центар. На 9 ноември 2006 година заедно со Слаѓана Тасева ја основал невладината организација за борба против корупцијата „Транспарентност - нулта корупција“. Исто така, бил дел од уредничките тимови на списанијата „Современост“ и „Хоризонт“.

Творештво уреди

Јовановски најчесто обработува теми и мотиви од обновата и изградбата на Македонија во периодот по Втората светска војна, а понекогаш и од НОБ. Раскажува реалистично и мошне живо.[2]

Библиографија уреди

Јовановски е автор на збирките раскази:

  • „Јадреш“, 1956
  • „Мени на мојата месечина“, 1959
  • „Првите човекови умирања“, 1971
  • „Патот до осамата“, 1978
  • „Крстопат кон спокојот“, 1987
  • „Љубовта на Грифонот“, 2005.

На романите:

  • „Хајка на пеперутки“, 1957
  • „Слана во цутот на бадемите“, 1965
  • „Земја и тегоба“, 1968
  • „Сведоци“, 1970
  • „Будалетинки“, 1973
  • „Орловата долина“, 1979
  • „Крлежи“, 1984 и
  • „Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“, 1992.

На книгите за деца:

Автор е и на патописот „Клучевите на Манхатан“, 1983, а има напишано и радио и тв-драми. Составувач е на антологијата „Една друга Америка“, 1978 и на лексиконите „Кој е кој, што е што“, 1963 и „Мал литературен лексикон“, 1971.[3] Негови дела, особено расказите, се објавени на повеќе светски јазици. Преведува од англиски и руски јазик.

Погреб уреди

Мето Јовановски бил погребан во неговото родно село Брајчино.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Почина Мето Јовановски“. Макфакс. Скопје. 24 декември 2016. Посетено на 24 декември 2016.
  2. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 91.
  3. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 109.

Надворешни врски уреди