Методиј Дебарско-кичевски

Методиј Дебарско-кичевски бил митрополит на Дебарско-кичевската епархија при Македонската православна црква во периодот од 1968 до 1976 година.

Методиј


Дебарско-кичевски
Дебарско-кичевски митрополит
На должноста
1968 – 1976
Претходник нема
Наследник Ангелариј
Лични податоци
Роден(а) 27 март 1914
Прилеп
Починал(а) 25 февруари 1976
Охрид
Националност Македонец
Професија Митрополит на МПЦ-ОА
Вероисповед Православен христијанин

Роден на 27 март 1914 во Прилеп со световното име Ѓорѓи Попоски. На 27 октомври 1936 година бил ракоположен за ѓакон, а за свештеник во јули 1937 година. На 13 март 1966 година бил избран за епископ Велички, а во 1968 година бил востоличен за Митрополит Дебарско-кичевски, со која управувал до неговото упокојување на 25 февруари 1976 година[1].

Неговото вечно почивалиште се наоѓа во црквата Света Богородица - Каменско, Охрид.

Наводи уреди

  1. „Дебарско-кичевската епархија“. Архивирано од изворникот на 2014-08-17. Посетено на 2013-02-18.