Месих-Паша (? - 1501 во Цариград) — османлиски државник и Голем везир на империјата во периодот од 1499 до 1501 година.

Месих
паша
Голем везир на Османлиското Царство
На должноста
1499–1501
Монарх Бајазид II
Претходник Чандарли Ибрахим-паша
Наследник Хадим Али-паша
Лични податоци
Починал(а) 1501
Роднини Константин XI Палеолог (вујко)
Family Палеолози
Ethnicity Византијци
Воена служба
Припадност  Османлиско Царство
Род  Османлиска морнарица
Чин капудан-паша

Месих бил османлиски државник од грчко потекло, според некои внук на последниот византиски цар Константин XI Палеолог. Заедно со неговиот постар брат бил заробен по падот на Цариград во 1453 година и пораснат под покровителство на Мехмед II.[1]. Во историските документи за првпат се јавува во 1470 година кога станал управител на Галиполе.

Како командант на османлиската флота (капудан-паша), учествувал во војната со Венеција (1463-1479).[1]. Во 1476 бил поставен за четврти по ранг везир, а по неуспехот кај Родос во 1480 бил разрешен од функцијата. По смртта на Мехмед II, Бајазит го затворил Гедик Ахмед-паша под сомневање дека го поддржувал неговиот брат Џем. Тој станал преговарач меѓу султанот и јаничарите кога тие се побуниле за принцот Џем. Оваа негова поддршка му овозможила султанот Бајазид II да го постави за втор везир во 1482 година. Од непознати причини тој бил разрешен од сите негови функции и испратен во Кафа, место каде обично се испраќале казнетите османлиски функционери. Таму останал до 1489 година, додека се спомнува дека во 1497 бил управител на Акерман. Учествувал во војната со Венеција станувајќи повторно втор по важност везир во Диванот[1].

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Inalcik, Halil (1991). „Mesīḥ Pasha“. The Encyclopedia of Islam, New Edition, Volume VI: Mahk–Mid. Leiden and New York: BRILL. стр. 1025–1026. ISBN 90-04-08112-7.
Претходник
Чандарли Ибрахим-паша
Голем везир на Османлиското Царство
1499–1501
Наследник
Хадим Али-паша