Меморија (музичка група)

Меморија — македонска музичка група основана во 1984 година. Во почетокот свиреле поп-рок. Основачи на групата се гитаристот Душан Трпковски - Ринго и Петар Георгиевски - Камиказа (свирел бас гитара).[1]

Меморија
Животописни податоци
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровипоп-рок
Период на активност1984–се уште
Членови
Душан Трпковски - Ринго
Апостол Поце Икономов
Петар Георгиевски
Димитар Божиков
Сашо Ангелов
Антонио Димитриевски
Дејан Кузмановски
Валентино Скендеровски
Ицо Јовковски
Бане Поповиќ
Ристо Самарџиев
Александар Хаџипаунов

Во првите години од работата групата често ги менуваше членовите, но со демо албумот отпеан со првиот вокал Зоран Или-Зоци излегува и хитот „Нена". Подоцна имаат концерти во Скопје. Ринго и Зоран ја напуштаат Меморија и со нови членови се снима деби студискиот албум Оган под ѕвездите. Групата го снимила во состав: Апостол Поце Икономов (вокал), Георгиевски (бас), Антонио Димитриевски (тапани), Дејан Кузмановски и Валентино Скендеровски (клавијатури), Ицо Јовковски и Бане Поповиќ (гитари). Продукцијата беше на Валентино Скендеровски кој по кратката работа со Леб и сол се вратил во групата. Ова беше првиот студиски албум кој го објави Музичката и касетна продукција на Радио Телевизија Скопје (МКП РТС или сегашна МКП МРТ).

На следната плоча Октомвриски дождови ја објавија обработката на песната „Македонија“ од репертоарот на групата Тајм и Дадо Топиќ. Концертната плоча ја снимаат на 27 октомври 1991 година во скопскиот ноќен клуб „Хард рок“. По смената на вокалистот (на местото на Поце запеа Ристо Самарџиев) Меморија направи неколку снимки на старите песни. Темите: „Дирлада“, „Дек' си бе цимер“ (од репертоарот на групата Пеницилин) кои беа дел од нивниот последен студиски албум - Меморија 5.

Дискографија уреди

  • Оган под ѕвездите (студиски албум) (1989)
  • Октомвриски дождови (студиски албум) (1991)
  • Меморија Live (албум во живо) (1991)
  • Зошто боже? (студиски албум) (1993)
  • Меморија 5 (студиски албум) (1995)
  • Балади Меморија" (албум во живо) (2017)
  • "Меморија и Пријателите" (албум во живо) (2022)

Наводи уреди

  1. По 15 години, се враќа „Меморија“[мртва врска]; преземено од Нова Македонија (четврток 15.3.2012)

Надворешни врски уреди