Мездра (бугарски: Мездра) — град во северозападниот дел на Бугарија, во Врачанската Област. Градот е административен центар на општина Мездра. Според пописот од 2022 година, во Мездра живеат 9.562 луѓе.[1]

Мездра
Мездра
град
Домот на железничарите и училиштето „Христо Ботев“
Домот на железничарите и училиштето „Христо Ботев“
Мездра is located in Бугарија
Мездра
Мездра
Местоположба на Мездра во Бугарија
Координати: 43°8′38.48″N 23°42′47.2″E / 43.1440222° СГШ; 23.713111° ИГД / 43.1440222; 23.713111
ЗемјаБугарија
ОбластВраца
ОпштинаМездра
Управа
 • ГрадоначалникИван Цанов (АБВ, ЗНС, Волја)
Површина
 • Вкупна5,34 км2 (2,06 ми2)
Надм. вис.&10000000000000214000000214 м
Население (2022)
 • Вкупно9.562
 • Густина1,800/км2 (4,600/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код3100
Повик. бр.+359 0910
Мреж. местоmezdra.bg
Црква „Св. вмчк Георги Победоносец“

Географија уреди

Градот е сместен крај река Искар, на кривината од југ на исток северно од Стара Планина. Релјефот на општината е полупланински. Најголем дел од нејзината територија заземаат земјоделските површини и шуми. Климата е умерено континентална.

Историја уреди

Сегашната населба е основана со изградбата на железничката линија Софија - Горна Орјаховица во крајот на 19 век и населението е дојдено од околните села. На местото се пуштила во употреба станицата „Мездра“ и крај неа почнуваат да се населуваат луѓе. По изградбата на линијата Мездра - Видин, станица Мездра станала втората по важност во Северна Бугарија, веднаш зад Горна Орјаховица.

Голем дел од населението во Мездра се наследници на доселеници од градот Кичево и неговата околина во Македонија. До 1944 г. има културно-просветно друштво со името на познатиот кичевски војвода Јордан Пиперката.

Има статус на град од 1953 г.

Интересно уреди

Поморски нос (’рт) Мездра (англиски: ’’Mezdra Point’’) на островот Сноу на Антарктикот е наречен во чест на градот.[2]

Наводи уреди

Надворешни врски уреди