Меден месец или свадбено патување — патyвање на младенците, организирано набрзо по свадбата.[1]

Медениот месец се поврзува со егзотични места, романтичен поглед на зајдисонце, луксузни хотели и сето останато што може да разгали и да го направи одморот поубав и поопуштен. Едно рано упатување на меден месец е во Поновениот закон 24:5 „Кога мажот е скоро оженет, тој не треба да оди во воени експедиции, ниту да се упатува на која било јавна должност. Тој ќе биде ослободен една година за добро на својата фамилија и ќе ѝ донесе радост на сопругата во бракот.“

Во западната култура, обичајот младенците да одат на одмор заедно настанал во почетокот на 19 век во Велика Британија. Паровите од погорните класи оделе во посета на роднини кои не биле во можност да присуствуваат на венчавката. Праксата наскоро се проширила на целиот европски континент. Најпопуларното одредиште за меден месец е Француската ривиера и Италија, а посебно туристички места и романтични градови како што се Рим, Верона или Венеција. Типичното брачно патување би почнало во ноќта после венчавката. Меѓутоа, во 21 век многу парови не ги напуштаат гостите, па патуваат 2-3 дена после свеченоста и приемот.

Наводи уреди

  1. „ЗАШТО СЕ КАЖЕ: Медени месец“. ЦАРС. Архивирано од изворникот на 2019-02-01. Посетено на 31 јануари 2019.