Меделпад (швед. Medelpad) е историска покраина (landskap) во северниот дел на Шведска. Се граничи со покраините Хелсингланд, Херједален, Јемтланд, Онгерманланд и Ботнискиот Залив.

Меделпад
Medelpad
Знаме на Меделпад Medelpad
ЗемјаШведска
КрајНорланд
ОкругВестернорланд
Површина
 • Вкупна7,058 км2 (2,725 ми2)
Население (2009)[1]
 • Вкупно123,397
 • Густина17/км2 (45/ми2)
Народ
 • Наречјенорлендско
Култура
 • Цветсмрека
 • Животнопланински зајак
 • Птицакрстоклун
 • Рибакостреш
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Покраината е дел од крајот Норланд и како таква се смета за Северна Шведска, иако географски е сместена во средината на земјата. Интересно е што името на покраината не се однесува на ова, туку на фактот што најголемиот дел е сместен помеѓу реките Јунган и Индалселвен.

Управа уреди

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна и политичка улога, туку претставуваат културно-историски целини. Меделад го опфаќа јужниот дел на административниот округ Вестернорланд.

Географија уреди

Покраината е на просечна надморска надморска височина од 200-300 м. Највисока планина е Микелмирберјет (577 м). Околу 500 км2 отпаѓа на водни површини. Најголемо езеро е Холмхен, на 200 м надморска височина, проследено од Леринген на приближно иста висина.

Околу покраината се протегаат две позначајни реки: Јунган and Индалселвен.

Историја уреди

Во минатото, единственото населено место со статус на град е Сундсвал, доделен во 1624. Сундсвал и денес е најголемиот град во покраината, со 50.000 жители. Меделпад има вкупно 120.000 жители.

Знаменитости уреди

Крајбрежјето на Ботнискиот Залив, наречено Висок Брег (Höga kusten), е прогласено за светско наследство на УНЕСКО. Тлото се искачува по еден сантиметар годишно, како последица од последното Ледено доба кое траело сè до VII милениум п.н.е.

Култура уреди

Симбол на покраината е планиснкиот зајак, иако поголема популарност ужива измисленото животно сквадер (мешавина од зајак и тетреб).

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

62°36′00″N 16°15′00″E / 62.600° СГШ; 16.250° ИГД / 62.600; 16.250