Маргарет Мери Емили Ен Хира (родена на 19 ноември 1961 година),[1] позната како Мег Рајан — американска глумица, режисерка и продуцент. По неколку мали улоги во филмови и серии, таа станала вистинска филмска ѕвезда во 1989 година, кога се појавила во филмот Кога Хари ја запозна Сали. Следните 15 години, таа играла главни улоги во неколку романтични комедии, од кои Бессони во Сиетл (1993), Француски бакнеж (1995 г.), Зависни од љубов (1997), Градот на ангелите (1998), Те чека мејл (1998), и Кејт и Леополд (2001). Сите овие филмови заедно достигнале заработка од над 870 милиони долари ширум светот. Во 1995 година, Ричард Корлис од неделното списание Тајм ја нарекол „душата на романтичните комедии“.[2]

Мег Рајан
Рајан во 2010 на отворањето на новата сезона во Метрополитен операта
Роден(а)Маргарет Мери Емили Хира
19 ноември 1961(1961-11-19)(62 г.)
Ферфилд, Конектикат, САД.
Занимање
  • глумица
  • режисер
  • продуцент
Активен период1981–досега
СопружникДенис Квејд
(во брак 1991–2001)
ДецаЏек Квејд
Дезји Тру

Животопис уреди

Рајан е родена во Ферфилд, Конектикат.[3] Нејзината мајка, Сузан Џордан (родена Рајан) била поранешна глумица и професорка по англиски јазик, а нејзиниот татко, Хари Хира, професор по математика. И двајцата нејзини родители растеле и живееле во Ферфилд. Мајка и на Рајан се појавила во една телевизиска реклама, а подоцна кратко работела како помошник на режисерите кои одбирале улоги преку кастинзи во Њујорк. Таа ја храбрела и ја поддржувала својата ќерка во нејзините намери да студира глума. Рајан има две сестри, Дана и Ани, и еден брат, музичарот Ендрју Хира, член на музичката група Били Пилгрим. Нејзините родители се развеле во 1976 година, кога таа имала 15 години.[4]

Таа завршила во основното училиште „Св.Пио“ во Ферфилд, каде мајка и и предавала во шесто одделение. Рајан е израсната како католик. Во Католичката црква во Ферфилд, и е доделено и средното име Ен. Средно училиште Рајан завршила во училиштето „Бетел“ во 1979 година. Своите студии таа ги продолжила најпрво на Универзитетот во Конектикат, а потоа на Њујоршкиот Универзитет, каде студирала новинарство. Во текот на нејзиното студирање, таа се појавила во неколку телевизиски реклами, за да заработи пари. Рајан ги напуштила студиите, еден семестар пред завршувањето, а како причина го навела успехот кој го постигнала како глумица.[5][6]

Кариера уреди

Почеток на кариерата уреди

По нејзиното појавување во филмот Богати и славни, Рајан ја игра улогата на Бетси Стјуарт во дневната телевизиска серија Како што се врти светот, која се емитувала од 1982 до 1984 година. Во овој период, таа се појавила и во реклама за Бургер Кинг. Потоа, следеле неколку мали улоги, вклучувајќи ги Амитивил 3 Д и Ветената земја. Во 1986 година, таа се појавила во познатиот филм Топ Ган, каде ja играла улогатa на Керол Бредшо, сопруга на Ник Бредшо (кој го глуми глумецот Ентони Едвардс). Рајан глуми и во филмовите Внатрешен простор заедно со нејзиниот иден сопруг Денис Квејд, Смртна чаша и во Президио.

Пробивање на филмското платно уреди

Првиот филм во кој таа е во главната улога, и кој станал апсолутен хит е Кога Хари ја запозна Сали (1989 г.), кој ја споил со човекот кој е првенец за комедии, Били Кристал. Незаборавното претставување на Сали Олбрајт (кое и донело номинација за Златен глобус), вклучува и сцена во која таа руча со ликот на Били Кристал во „Кац Деликатесен“ во Менхетн, и во кое тие покажуваат колку е лесно да се изглуми оргазам.

Следни нејзини улоги се во биографијата Дорс, кој постигнал големи успеси, и Вовед кон бакнеж. Во 1993 година, е објавена романтичната комедија Бессони во Сиетл, која несомнено достигнала големи успеси, и која за вторпат ја соединува Рајан со глумецот Том Хенкс. Нивната претходна соработка е во филмот Џо против вулканот, како главни улоги, но тој немал особени успеси. Следно, тие по третпат соработуваат во филмот Те чека мејл.

1994–1999 уреди

Во почетокот на 1994 година, Рајан одлучила да прифати неколку улоги кои ќе бидат нешто поразлично од дотогашните романтични ликови по кои таа станала позната.[2] Во филмот на Луис Мандоки, Жената која ја сакав (1994 г.), во кој глуми заедно со глумецот Енди Гарсија, таа има улога на алкохоличар. Како филмот, така и нејзината изведба, биле добро прифатени од критичарите.[7] Еден од критичарите за филмот рекол дека е „првокласно дело, во кое се нагласуваат извонредните изведби и доброто сценарио“.[8] Овој филм постигнал големи успеси, и само во САД достигнал заработка од околу 50 милиони долари.[9] Истата година, Рајан се појавува во романтичната комедија Коефициент на интелигенција на Фред Шеписи, заедно со глумецот Тим Робинс. Филмот раскажува приказна за еден механичар и една кандидатка за докторат на Универзитетот Принстон, кои се заљубуваат благодарение на вујкото на девојката, Алберт Ајнштајн (кој го глуми Волтер Матау). Иако, во филмот се позајмени некои ликови од вистинскиот живот (како Ајнштајн), приказната и приказот на ликовите се измислени.

Некои од филмовите во кои глумела Рајан во 1990-тите години, станале хитови не само во Јужна Америка, туку и ширум светот. Во 1994 година, Рајан била прогласена за Жена на годината од здружението „Хасти Пудинг“, а списанието Пипл ја оценило како една од 50-те најубави луѓе во светот. Во 1995 година, критичарот Ричард Корлис ја нарекол „душата на романтичните комедии“. Истата година, таа се појавува во романтичната комедија на Лоренс Касдан, Француски бакнеж, наспроти Кевин Клајн. Во 1995 година, Рајан ја добила и Кристалната награда „Жените во филмот“. (Оваа награда се доделува на извонредните жени кои преку нивната издржливост и успешноста во работата, помогнале да се прошири улогата на жените низ историјата на уметноста.)[10]

Во 1997 година, Рајан го позајмила гласот за анимираниот филм Анастасија, кој добил многу позитивни критики и постигнал големи успеси. Следната година, Рајан се појавува во два филма. Градот на ангелите добил многу позитивни коментари и станал огромен финансиски успех заработувајќи речиси 200 милиони долари ширум светот. Те чека мејл е филм во кој Рајан повторно соработува со Хенкс, и кој и донел трета номинација за Златен глобус. Филмот достигнал заработка и преку 250 милиони долари ширум светот.

2000–2006 уреди

Првиот филм од 2000 година, во кој глумела Рајан е Спушти ја слушалката, во режија на Дајен Китон, во кој се раскажува за три сестри кои се поврзуваат поради претстојната смрт на нивниот далечен, ладен и намќорлив татко. Во овој филм кој е адаптација на романот на Делија Ефрон од 1995 година, исто така глумат и Дајен Китон, Лиса Кудроу и Волтер Матау. Филмот добил лоши критики, а неговата заработка која првично била 60 милиони долари, а се намалила за 9 милиони долари поради отплаќањето на буџетот, достигнала речиси 51 милион долари.[11]

Истата година, Рајан се појавува во трилерот на Тејлор Хакфорд Доказ за живот, наспроти Расел Кроу. Во филмот таа глуми узбезумена жена, чиј маж инженер е киднапиран (улогата ја игра Дејвид Морс), а таа се потпира на еден снаодлив експерт за справување со меѓународните разбојници. Иако критичарите биле рамнодушни за финансискиот успех на овој филм кој заработил околу 63 милиони долари ширум светот, аферата на Рајан и Кроу била тоа за кое на широко се пишувало низ весниците.[12] Стивен Холден, филмски критичар во Њујорк Тајмс напишал дека според него, филмот и не е некој голем успех, и дека глумците не се поврзале доволно добро.[13]

 
Рајан во септември 2006

Една година подоцна, Рајан повторно се навраќа на романтичните комедии, овојпат со Кејт и Леополд заедно со Хју Џекмен. Ова е приказна за војвода кој патува низ времето во Њујорк, од 1876 година па досега, и се заљубува во успешен истражувач на пазарот во современ Њујорк. Овој филм во режија на Џејмс Менголд добил мешани, но повеќе позитивни критики, а Лејел Лоенстајн од списанието Варајети го сумирала како „шармантна и интересна приказна“. Со заработка од 70 милиони долари, овој филм за Рајан најверојатно ќе остане филм со најголема заработка во кој некогаш глумела за оваа деценија.[14]

Во 2003 година, Рајан глуми во нешто поразлично од нејзините вообичаени улоги, и се појавува во еротскиот трилер Во кадар на Џејн Кампион, покрај Марк Рафало и Џенифер Џејсон Ли. Најпрво, во главната улога требало да се појави копродуцентката Никол Кидман, но по петгодишниот нејзин развој, таа се повлекла, оставајќи и ја улогата на Рајан, која за првпат во нејзината кариера, се појавува гола, во прилично долга и јасно прикажана љубовна сцена. Иако појавувањето на Рајан, а воопшто и целиот филм, го привлекле вниманието на медиумите, тој не успеал да ги привлече позитивните коментари на критичарите, и достигнал заработка од само 23 милиони долари низ кината.[15]

Во октомври 2003 година, додека престојувала во Велика Британија за премиерата на овој нејзин еротски филм, таа имала еден контроверзен настап во британското шоу „Паркинсон“.[16] Истиот начин на претставување, таа го искористува и во следниот нејзин филм Плавуша помеѓу јажињата (2004 г.) во режија на Чарлс С. Датон. Овој филм е спорт/драма за една американка Џеки Кален, која е менаџер на боксерите, и која е првата жена која постигнала некаков успех во спортот, и нејзината разнишана врска со штитеникот Лутер Шо. Филмот достигнал помалку од 6 милиони долари на просторите на САД, и бил остро нападнат од критичарите, најмногу поради тоа што е доста сличен со другите боксерски филмови, како на пример серијалот Роки.

2007–досега уреди

По тригодишна пауза, во 2007 година, Рајан се враќа на филмското платно со филмот на Џон Касдан Во земјата на жените, кој таа го опишува како „нешто слично на „Дипломец“ само со болеста рак“.[17] Заедно со Кристен Стјуарт и Олимпија Дукакис, во овој филм Рајан игра улога на мајка и жена која се соочува со рак на дојката, и која особено се поврзува со најмладиот внук на нејзиниот комшија, кој го глуми Адам Броди. Филмот добил и позитивни и негативни коментари од критичарите,[18] а заработката изнесувала околу 17,5 милиони долари ширум светот.[19] Рајан добила многу пофалби за нејзината изведба во овој филм, а Кенет Туран во Лос Анџелес Тајмс напишала дека ова е најдобрата изведба на Рајан што досега е видена низ нејзините филмови.[20]

 
Рајан на Филмскиот фестивал Трибека на премиерата на незјиниот филм Serious Moonlight (2009).

Првиот филм на Рајан од 2008 година, е сатиричната комедија Договорот, филм кој се заснова на истоимениот роман од 1991 година на Питер Лефкурт, кој раскажува за Холивуд. Филмот е во режија на Стивен Шатер, и е снимен во Кејптаун и други места во Јужна Африка. Светската премиера на овој филм била на Санденс филмскиот фестивал во 2008 година. Филмот добил мешани, но повеќе негативни коментари, и не успеал да го привлече интересот кај филмските студија, и добил издавање директно на ДВД, во јануари 2009 година.[21] Во неговата критика во списанието Варајети, Питер Дебруџ напишал: „Ликовите во филмот делува како да ги прават сите смеи, но јавноста нема на што да обрне внимание, освен на флертувањето на несоодветно споените главни улоги Вилијам Џ. Мејси и Мег Рајан – за кои тешко може да се каже дека се совршен спој за постигнување на големи успеси“.[22] Филмот на Џорџ Гало, Новиот дечко на мајка ми, во кој глуми Рајан, а кој е сниман есента во 2006 година, исто така преминал директно на ДВД издание во 2008 година. Овде исто се појавуваат и Колин Хенкс, Селма Блер и Антонио Бандерас, а филмот добил воглавно негативни критики. Дејвид Нусер во Рил Филм напишал дека „филмот е целосна катастрофа, започнувајќи речиси и од првиот кадар“.[23]

 
Рајан со Шерил Хајнс во 2009

Последниот филм на Рајан од 2008 година, е Жените, римејк на истоименото дело од 1939 година. Жените во филмот ги глумат Анет Бенинг, Дебра Месинг и Џејда Пинкет Смит.[24] Филмот е напишан, и режиран од Дајен Инглиш, а раскажува приказна за група жени од џетсетот на Менхетн, чиј основен интерес е непотребното озборување. Рајан глуми богата жена, чиј сопруг ја изневерува со една продавачка, која ја глуми Ева Мендез. По неговото издавање, Жените се здобил со катастрофални реакции од критичарите, а Ричард Шикел од Тајм рекол дека ова е најужасниот филм кој некогаш го имал гледано.[25] Сепак, филмот достигнал големи финансиски успеси, и за Рајан ова бил најуспешниот филм после Кејт и Леополд од 2001 година, со заработка од 50 милиони долари ширум светот.[26]

Во 2009 година, Рајан глуми во комедијата Serious Moonlight заедно со Кристен Бел и Џастин Лонг. Филмот е во режија на глумицата Шерил Хајнс, а се заснова на сценарио кое го напишала починатата писателка Адриен Шели, која била убиена една година пред снимањето на филмот. Во него, Рајан глуми моќен адвокат, која дознава дека нејзиниот маж (кој го глуми Тимоти Хатон) сака да ја напушти заради нивниот проблематичен брак, а таа решава да го спречи така што го држи заробен во бањата.[27] Филмот добил ограничено издавање, само во Јужна Америка, и достигнал заработка помалку од 150 илјади долари ширум светот.[28] Критичките реакции за филмот биле воглавно мешани, но повеќе негативни, а Рајан била остро критикувана за нејзината ужасна изведба. Истата година, Рајан гостувала во седмата сезона на Скротете го вашиот ентузијазам.

Во октомври 2010 година, и била доделена улога во драмата Животите на светците заедно со Кет Денингс, Кевин Зеџерс и Џон Литгоу. Оваа драма, слична на Фатална несреќа, ги спојува животите на група луѓе од Лос Анџелес, кои се справуваат со грешките од минатото.[29] Во април 2011 година, било објавено дека во следниот филм Во внатрешноста на убавината (En. Into The Beautiful), таа за првпат ќе се појави како режисер.[30][31] Во мај 2011 година, и била доделена улога во Помина долго време (En. Long Time Gone), филмска адаптација на романот на Ејприл Стивенс „Ангелу, ангелу“. Снимањето требало да започне есента, истата година.[32]

Во 2012 година, Рајан била вклучена во документарецот Половина од небото: Претворувајќи го притисокот и обесправувањето во можности и прилики за сите жени ширум светот. Овој документарен филм вклучува неколку жени и девојки кои живеат во тешки услови борејќи се да се справуваат со тоа.

Во 2012 година, снимањето на аудио записот за романот на Вилијам Саројан Човечката комедија, било објавено на мрежното место www.audible.com.

Приватен живот уреди

На Денот на вљубените во 1991 година, после соработката во два филма, Рајан се омажила за глумецот Денис Квејд. Таа прифатила да се омажи со него веднаш по неговото соочување со зависноста од кокаин. Квејд и Рајан имаат едно дете, Џек Квејд, роден на 24 април 1992 година.[33] Во 2000 година, таа била поврзувана со Расел Кроу на снимањето на филмот Доказ за живот. Рајан и Квејд се разделиле, а нивниот развод конечно бил дефиниран на 16 јули 2001 година. Во септември 2008 година, Рајан изјавила дека долго време додека биле во брак, Квејд ја изневерувал.[34]

Во јануари 2006 година, Рајан посвоила 14 месечно девојче од Кина, Дејзи Тру.[35][36]

Од јануари 2011 година, таа е во врска со американскиот рок пејач Џон Меленкамп, кој во декември 2010 година објавил дека по 18 години брак, се разведува од својата сопруга Елејн Ирвин Меленкамп.[37]

Политичка активност уреди

Рајан ја поддржува Демократската партија на САД, особено иницијативите и програмите за заштита на околината.[38][39] Во 2003 година, таа ја поддржува кампањата на Весли Кларк за претседател на Америка.[40] Во 2004 година, за претседателските избори таа го поддржала Џон Кери.[41]

Филмографија уреди

Филм уреди

Година Филм Улога Забелешки
1981 Богати и славни Деби Блејк
1983 Амитивил 3Д Лиза
1986 Топ Ган Керол Бредшо
1986 Вооружани и опасни Меги Кавано
1987 Ветената земја Беверли Сајкс
1987 Внатрешен простор Лидија Максвел
1988 Д.О.А. Сидни Фулер
1988 Президио Дона Калдвел
1989 Кога Хари ја запозна Сали Сали Олбрајт
1990 Џо против вулканот Диди/Анџелика Грејнамур/Патриша Грејнамур
1991 Дорс Памела Курсон
1992 Вовед кон бакнеж Рита Бојл
1993 Бессони во Сиетл Ени Ред
1994 Жената што ја сакав Алис Грин
1994 Коефициент на интелигенција Кетрин Бојд
1995 Француски бакнеж Кејт
1995 Враќањето на монархијата Катарина
1996 Храброст под огнот Карен Ема Волден
1997 Зависни од љубовта Меги
1997 Анастасија Анастасија (глас)
1998 Градот на ангелите Д-р. Меги Рајс
1998 Харлибарли Бони
1998 Те чека мејл Кетлин Кели
2000 Спушти ја слушалката Ив Мозел Маркс
2000 Доказ за живот Алис Боуман
2001 Кејт и Леополд Кејт Мекеј
2003 Во кадар Френи Авери
2004 Плавуша помеѓу јажињата Џеки Келен
2007 Во земјата на жените Сара Харвик
2008 Договорот Деидри Хим
2008 Новиот дечко на мајка ми Марта Дуранд
2008 Жените Мери Хејнс
2009 Serious Moonlight Луси "Лу"
2015 Обожавателка Мери Фароу
2016 Итака Г-ѓа Кејт Макаулеј Исто и режисер и продуцент

Телевизија уреди

Година Наслов Улога Забелешки
1982 Како што се врти светот Бетси Стјуарт Монтгомери Андропулос
1982 Еден од момците Џејн Серијата била откажана по 13 епизоди
1984–1985 Чарли на должност Меган Харпер 2 епизоди
1985 Дивата страна Кели Окс 6 епизоди
1990–1991 Капетанот Планета и неговата дружина Д-р Блајт (глас) Глуми во првата епизода
2007 Симпсонови Д-р. Свансон (глас) 1 епизода
2009 Скротете го вашиот ентузијазам Самата себеси
2011 Интернет терапија Карен Шарп 2 епизоди
2013 Интернет терапија Карен Шарп 3 епизоди
Документарни филмови
Година Наслов Улога Забелешки
1994 Векот на киното Себеси Документарец кој вклучува личности од областа на филмот
2002 Во потрага по Дебра Вингер Себеси Филм на Росана Аркет

Наводи уреди

  1. "Meg Ryan"[мртва врска]. Superior Pics.com
  2. 2,0 2,1 Corliss, Jaqueline; Savaino (22 мај 1995). „Star Lite, Star Bright“. Time. Архивирано од изворникот на 2009-09-29. Посетено на 2010-10-02. Укажано повеќе од еден |first1= и |first= (help)
  3. „Educating Meg“. People. August 2, 1993. Архивирано од изворникот на 2016-09-04. Посетено на November 26, 2010.
  4. "Meg Ryan" Архивирано на 23 декември 2011 г.. Yahoo! Movies. Retrieved 26 ноември 2010.
  5. Ryan interview with Parkinson on YouTube
  6. "Meg Ryan talks to Parkinson" 24 октомври 2003. BBC TV.
  7. Kate & Leopold (2001)“. Rotten Tomatoes. Flixster. Посетено на 2010-09-08.
  8. Klady, Leonard (April 24, 1994). When a Man Loves a Woman review“. Variety. Посетено на 2010-09-19.
  9. When a Man Loves a Woman (1994)“. The-Numbers.com. Посетено на 2010-09-19.
  10. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-24. Посетено на 2013-08-29.
  11. Hanging Up (2000)“. The-Numbers.com. Посетено на 2010-09-08.
  12. Hollywood.com. Hollywood Media Corp., 2007. Last accessed: 30 декември 2007.
  13. Holden, Stephen (8 декември 2000). „Where Cynicism Rules, Integrity Can Be Heroic“. The New York Times. Посетено на 2010-09-08.
  14. Kate & Leopold (2001)“. The-Numbers.com. Посетено на 2010-09-08.
  15. In the Cut (2003)“. The-Numbers.com. Посетено на 2010-09-08.
  16. „http://www.dailymail.co.uk/tvshowbiz/article-381987/Parky-nut-says-Meg-Ryan.html“. Mail Online. London: Associated Newspapers. 4 април 2006. Посетено на 16 јуни 2013. Надворешна врска во |title= (help)
  17. „Parky Is A Nut, Says Meg Ryan“. The Daily Mail. London. 4 септември 2010. Посетено на 2006-04-04.
  18. In the Land of Women (2007): Reviews“. Metacritic. CBS. Архивирано од изворникот на 2007-08-31. Посетено на 2007-09-12.
  19. In the Land of Women. Box Office Mojo. IMDB. Посетено на 2007-09-12.
  20. Turan, Kenneth (20 април 2007). In the Land of Women Review“. Los Angeles Times. CalendarLive.com. Посетено на 2010-09-04.
  21. Hilton, Perez (4 септември 2010). „Whatever Happened To Meg Ryan's Career???“. PerezHilton.com. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2009-01-27.
  22. Debruge, Peter (4 септември 2010). „The Deal“. Variety. Посетено на 2008-01-24.
  23. Nusair, David. „Four Comedies from Sony Pictures“. ReelFilm.com. Посетено на 2008-01-24.
  24. Schwartz, Missy (8 јуни 2007). „Wonder Women“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2010-08-13. Посетено на 2010-09-04.
  25. Schickel, Richard (11 септември 2008). The Women: Sex Crime“. Time. Архивирано од изворникот на 2010-05-26. Посетено на 2010-05-03.
  26. The Women (2008)“. The-Numbers.com. Посетено на 2010-09-04.
  27. Campbell, Christopher (12 јануари 2009). Up In The Air, Serious Moonlight and Loot In This Week's unLimited“. MTV News. MTV's Movie Blog. Посетено на 2010-09-07.
  28. Serious Moonlight (2009)“. The-Numbers.com. Посетено на 2010-09-07.
  29. Meg Ryan joins Lives Of The Saints Total Film. 21 октомври 2011
  30. "Meg Ryan to make directorial debut" 5 април 2011, Variety.
  31. "Meg Ryan making directorial debut with Into the Beautiful Архивирано на 25 април 2012 г., 5 април 2011, Punch Drunk Critics
  32. Long Time Gone Adds Graham Rogers Архивирано на 31 мај 2013 г. Movieweb. 25 август 2011
  33. „Genealogy“. geni.com. Посетено на 18 април 2011.
  34. „Meg's Back — Public Pain“. Instyle.com. 16 септември 2008. Архивирано од изворникот на 2012-04-15. Посетено на 2010-07-29.
  35. „Meg Ryan Adopts a Girl — Birth, Meg Ryan“. People (magazine). 25 јануари 2006. Архивирано од изворникот на 2016-06-16. Посетено на 2010-07-29.
  36. „Meg Ryan and Daisy True shop at Whole Foods“. People (magazine). 2007-12=26. Архивирано од изворникот на 2012-11-20. Посетено на 2012-03-14. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  37. „Meg Ryan & John Mellencamp Quietly Dating — Meg Ryan, John Mellencamp“. People. 4 јануари 2011. Посетено на 2011-01-04.
  38. Colavecchio-van Sickler, Shannon; Amrhein, Saundra (27 октомври 2004). „Star-studded roster covers area for Kerry“. St. Petersburg Times. Посетено на 27 јануари 2013.
  39. Ortiz, Vikki (October 28, 2004). „When Meg met Milwaukee“. Milwaukee Journal Sentinel. Посетено на January 27, 2013.[мртва врска]
  40. „Meg Ryan's Federal Campaign Contribution Report“. Newsmeat. Архивирано од изворникот на 2013-01-16. Посетено на 27 јануари 2013.
  41. „Kerry campaigns the Hol(l)y way“. Times of India. 27 октомври 2004. Архивирано од изворникот на 2013-05-23. Посетено на 27 јануари 2013.

Надворешни врски уреди