Мегаум (анимиран филм)

Мегаум (англиски: Megamind) — американски анимиран филм од 2010 г., во режија на Том Мекграт. Гласовите на главните ликови во филмот ги позајмуваат: Бред Пит, Бен Стилер, Вил Ферел, Џона Хил, Тина Феј, Џ. К. Симонс итн.

Лого на Мегаум

Содржина уреди

Уште како мало дете, Мегаум (гласот на Ферел) е испратен на Земјата од друга планета. Тој е неверојатно интелигентен, но грд и поради тоа, никој не сака со него да си игра во училиштето, за разлика од Метромен, кој е омилен кај сите. Поради лошиот однос на луѓето, Мегаум станува злосторник, а во исто време, Метромен (гласот на Пит) е херој кој го спасува градот од злосторниците. Меѓу нив започнува долга борба. Мегаум сака да загосподари со Метроград, но секогаш доживува катастрофа, благодарение на Метромен. Еднаш, сосема случајно, Мегаум успева да го убие Метромен и така станува господар на градот. Меѓутоа, лишен од својот долгогодишен противник, тој нема повеќе инспирација и желба за делување, па затоа решава да создаде нов противник - Тајтен (гласот на Хил). Меѓутоа, Тајтен, наместо да го заштитува градот, сака да стане негов господар. така, Мегаум за првпат прави добро дело, така што го победува лошиот Тајтен. Истовремено, се открива дека Матромен не е мртов, туку дека и тој се повлекол од сцената, зашто му здодеало постојано да го слават како спасител на Метроград.[1]

Наводи уреди

  1. Антена, број 869, 20.2.2015, стр, 14.