Мајами Хит (англиски: Miami Heat) е професионален кошаркарски тим од Мајами (Флорида). Тие се членови на Југоисточна дивизија од Источната Конференција на НБА лигата. Нивен генерален менаџер е Пет Рајли, додека на кормилото седи Ерик Споелстра.

Мајами Хит
Мајами Хит лого
Мајами Хит
лого
Конференција Источна Конференција
Дивизија Југоисточна дивизија
Основан 1988
Историја Мајами Хит (1988-сѐ уште)
Арена Американ Ерлајнс Арена
Град Мајами (Флорида)
Тимски бои                    
Сопственик/ци Мики Арисон
Генерален менаџер Енди Елсибург
Тренер Ерик Споелстра
Шампиони 2 (2006, 2012)
Конференциски титули 3 (2006, 2011, 2012)
Дивизиски титули 10 (1997, 1998, 1999, 2000, 2005, 2006, 2007, 2011, 2012, 2013)
Пензионирани броеви 3 (10, 23, 33)
Мрежно место heat.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Организацијата била основана во 1988 и истата година се приклучила во најсилната американска лига. Тие важат за една од поуспешните екипи на Истокот, освојувајќи две шампионски титули во 2006 и 2012.[1][2] Нивната вредност е проценета на 625 милиони долари, што ги прави шестата најскапа кошаркарска екипа во САД.[3] Сезоната 2012/2013 Хит забележале победничка серија од 27 натпревари, втора најдолга победничка низа по онаа на ЛА Лејкерс од 33 добиени натпревари.[4]

Пресвртен момент во нивното постоење бил преодниот рок 2010, кога Леброн Џејмс и Крис Бош му се придружиле на Двејн Вејд да го формираат ударното трио на составот. По големите трансфери Мајами двапати се пласирале во големото финале, од кои еднаш го освоиле златниот прстен.[5]

Состав уреди

Име Години Држава Височина Позиција
Бем Адебајо 24   САД 2.06м Центар/Крилен Центар
Џими Батлер 32   САД 2.01м крило
Дивејн Дедмон 32   САД 2.13м Центар
Кајл Гај 24   САД 1.85м бек
Удонис Хаслем 41   САД 2.03м Крилен Центар
Тајлер Хиро 22   САД 1.96м бек
Хејвуд Хајсмит 25   САД 1.93м крило
Кајл Лаури 35   САД 1.83м плејмејкер
Кејлеб Мартин 26   САД 1.96м крило
Маркиф Морис 32   САД 2.06м Крилен Центар
Виктор Оладипо 29   САД 1.93м бек
Данкан Робинсон 27   САД 2.01м бек/крило
Џавонте Смарт 22   САД 1.93м плејмејкер
Мах Струс 25   САД 1.98м бек/крило
Пи.Џеј. Такер 36   САД 1.96м крило/Крилен Центар
Гејб Винсент 25   Нигер 1.91м плејмејкер
Омер Јуртсевен 23   Турција 2.13м Центар

Наводи уреди

Надворешни врски уреди