Мачево

село во Општина Берово

Мачево — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.

Мачево

Поглед на Мачево

Мачево во рамките на Македонија
Мачево
Местоположба на Мачево во Македонија
Мачево на карта

Карта

Координати 41°44′54″N 22°47′40″E / 41.74833° СГШ; 22.79444° ИГД / 41.74833; 22.79444
Регион  Источен
Општина  Берово
Област Малешевија
Население 143 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2330
Повик. бр. 033
Шифра на КО 01005
Надм. вис. 791 м
Слава Атанасовден
Мачево на општинската карта

Атарот на Мачево во рамките на општината
Мачево на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во северниот дел на територијата на Општина Берово, на патот Берово-Виница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 790 метри. Од градот Берово, населбата е оддалечена 9 километри.[2]

Атарот зафаќа простор од 9,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 371 хектар, на пасиштата отпаѓаат 309 хектари, а на шумите 249 хектари.[2]

Историја уреди

Во XIX век, Мачево било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство. Селото се претпоставува дека го добива името "Мачево" бидејќи било често мачено од другите села.

Вкупно 1 жител на оваа населба e заведен како жртвa во Втората светска војна.[3]

Стопанство уреди

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948329—    
1953322−2.1%
1961297−7.8%
1971276−7.1%
1981260−5.8%
ГодинаНас.±%
1991208−20.0%
1994216+3.8%
2002206−4.6%
2021143−30.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мачево имало 340 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мачево имало 264 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Селото е мало и во 1961 година броело 297 жители, а во 1994 година се намалил на 216 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 206 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 143 жители, од кои 140 Македонци и 3 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 340 264 329 322 297 276 260 208 216 206 143
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи уреди

 
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Робово, во која влегувале селата Мачево, Робово и Умлена.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Владимирово, во која покрај селото Мачево се наоѓале и селата Владимирово и Русиново.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0011 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 138 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]

Редовни настани уреди

Личности уреди

Родени во Мачево

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 193. Посетено на 11 март 2017.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 март 2017.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „ОУ „Дедо Иљо Малешевски". македонски: Општина Берово. Посетено на 8 јануари 2017.
  14. „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди