Махмуд-паша Ангеловиќ

Махмуд-паша Ангеловиќ (српски: Махмуд-паша Анђеловић/Mahmud-paša Anđelović; турски: Veli Mahmud Paşa; 1420 во Ново Брдо1474 во Цариград) — османлиски државник и Голем везир на Отоманското Царство во периодот од 1456 до 1466 година и по вторпат во периодот од 1472 до 1474 година. Бил познат по пишување на персиски и турски поеми под псевдонимот Адни.[1]

Махмуд Ангеловиќ
паша
Голем везир на Османлиското Царство
На должноста
1472–1474
Монарх Мехмед II
Претходник Исак-паша
Наследник Гедик Ахмед-паша
На должноста
1456–1466
Монарх Мехмед II
Претходник Заган-паша
Наследник Рум Мехмед-паша
Лични податоци
Роден(а) 1420
Ново Брдо, Српско деспотство
(денешно Косово[a])
Починал(а) 1474
Националност Отоман
Сопружник ќерка на Мехмед II
Етничка припадност Србин
Воена служба
Прекар Адни
Припадност  Османлиско Царство
Род  Османлиска морнарица
Чин капудан-паша
Битки/војни Опсада на Белград (1456)
Опсада на Трабзон (1461)
Османлиско освојување на Босна

Махмуд бил член на византиското семејство Ангелос (Ангели), кои ја напуштиле Тесалија во 1394 година. Одгледан како христијанин во Крушевац (денешна Србија) — киднапиран преку системот данок во крв од османлиските армии во 1427 година[2][3] и преобратен во муслиманин во Едрене.[4] Како способен војник стапил во брак со една од ќерките на Мехмед II. По Битката кај Белград бил назначен за Голем везир (1456) како награда во борбите, наследувајќи го Заган-паша.[5].

Потекло и ран живот уреди

Роден во 1420 година, во селото Ново Брдо, на Косово, во тоа време вазал на Отоманското Царство. По османлиското освојување на Тесалија во 1394 година, владејачкото семејство Ангели пронашло спас во Србија. Внуците на тоа семејство биле Махмуд-паша и неговиот брат Михајло Анѓеловиќ. Најверојатно е поврзан и со благородниците Алесио и Петер Спани преку Алексиј III Ангел, кој веројатно бил нивен предок.[6] Иако современите византиски извори и Ибн Кемал го нарекуваат Србин, некои подоцнежни османлиски извори го нарекувале Хрват.[a]

Бил киднапиран од Османлиите како дел од системот за данок во крв во 1427 година, во текот на освојувањето на Србија.[7] Заедно со две други момчиња бил пратен во Едрене.[4] Најверојатно бил фатен од коњаницата на султанот Мурад II, додека патувал со неговата мајка од Ново Брдо до Смедерево.[8] Бил одгледан како муслиман според обичаите.[7] Неговиот брат Михајло останал во Србија, но брзо се издигнал во османлиската бирократија. Нивната мајка се преселила во Цариград, иако останала христијанка, била омилена и добила земја од султанот.[9]

Живот уреди

Како вешт војник се оженил со ќерка на султанот Мехмед II. По Битката кај Белград бил назначен за Голем везир (1456) како награда во борбите, наследувајќи го Заган-паша.[5]

Во 1458 година починал српскиот деспот Лазар Бранковиќ. Како еден од регентите бил поставен братот на Махмуд, Михајло, но наскоро бил соборен од антиосманлиската фракција. Така Махмуд-паша со својата армија заминал на поход каде ја зазел Смедеревската тврдина, иако тврдината издржала и освоил некои дополнителни упоришта во нејзина близина. Меѓутоа, под закан за можна унгарска интервенција бил приморан да се повлече кон југ и да им се приклучи на силите на султанот Мехмед II во Скопје.[10] Во 1461 година го придружувал Мехмед во неговата борба против Трапезунтското Царство, последниот остаток на Византија. Учествувал во преговорите со неговиот роднина за предавање на градот.[11]

Во 1463 година учествувал во освојувањето на Босна, иако мировниот договор помеѓу Босна и Османлиите бил обновен. Го заробил босанскиот крал Стефан Томашевиќ кај Кључ и го натерал да ја предаде државата на Царството.[10]

Ангеловиќ го придружувал Мехмед II кога ја нападнал Млетачка Далмација во летото 1467 година. За 15 дена ги истерал Скендербег, кој бил венецијански сојузник во тоа време, но не успеал да го најде, откако Скендербег се скрил во планините и успеал да побегне на брегот.[12]

Махмуд бил распуштен во 1469 година поради соперништвото со неговиот наследник, Рум Мехмед-паша, кој наводно го пријавил за неправилности при преселувањето на Караманидите во Цариград по освојувањето на Караман претходно истата година.[13] Во 1472 година бил вратен во служба, но неговите односи со султанот биле затегнати. Бил распуштен и погубен во 1474 година, наводно поради синот на Мехмед, принцот Мустафа. Махмуд имал конфликт со Мустафа по разводот со неговата втора жена која поминала една ноќ во истата куќа со Мустафа за време кога бил отсутен Махмуд во 1473 година. Се појавиле гласини дека погубувањето било поради труење на Мустафа од Махмуд.[14]

Наводи уреди

  1. Stavrides 2001, стр. 311.
  2. Miller, Barnette (1941). The Palace school of Muhammad the Conqueror. Harvard University Press. стр. 7.
  3. Stavrides (2001), pp. 73–74
  4. 4,0 4,1 Enes Duraković, Esad Duraković, Fehim Nametak, Đenana Buturović, Bošnjačka književnost u književnoj kritici, 1990, p. 142, Google Books
  5. 5,0 5,1 Finkel 2006, стр. 78
  6. Stavrides 2001, стр. 228.
  7. 7,0 7,1 Finkel (2006), pp. 59–60, 48
  8. Stavrides 2001, стр. 73–74.
  9. Babinger, Franz (1992). Mehmed the Conqueror and His Time. Princeton University Press. стр. 115. ISBN 0691010781. Посетено на 26 февруари 2013.
  10. 10,0 10,1 Finkel 2006, стр. 60
  11. Finkel 2006, стр. 62
  12. Stavrides 2001, стр. 163, 164.
  13. Finkel (2006), pp. 78–79
  14. Finkel 2006, стр. 79
Политички функции
Претходник
Заган-паша
Голем везир на Османлиското Царство
1456–1466
Наследник
Рум Мехмед-паша
Претходник
Исак-паша
Голем везир на Османлиското Царство
1472–1474
Наследник
Гедик Ахмед-паша