Маурисио Анибал Исла Исла (роден во Буин, на 12 јуни 1988) — чилеански фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Фенербахче и на чилеанската репрезентација.

Маурисио Исла
Лични податоци
Роден на 12 јуни 1988(1988-06-12)(35 г.)
Роден во Буин, Чиле
Држава  Чиле
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Фенербахче Фенербахче
Број 4
Младинска кариера
Универсидад Католика
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007-2012 Удинезе Удинезе 127 (6)
2012-2016 Јувентус Јувентус 30 (0)
2014-2015КПР КПР 26 (0)
2015-2016Марсеј Олимпик Марсеј 23 (2)
2016-2017 Каљари Каљари 34 (1)
2017- Фенербахче Фенербахче 41 (0)
Репрезентација
2007– Чиле Чиле 102 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Технички одлики уреди

Најголемиот квалитет во играта на Исла е тоа што може да игра на многу позиции во одбраната и во средината на теренот, но најчесто е користен како десен бек, десно крило и централен играч за врска со дефанзивни задачи.

Клупска кариера уреди

Почетоци уреди

Исла ја започнал својата кариера во младинските категории на екипата на Универсидад Католика каде најпрво игра како напаѓач. Поради фактот што не бил доволно висок и крупен, се преселил во одбраната како десен бек затоа што во тој период на клубот му недостасувале млади квалитетни играчи во одбраната. Исла одлично се снаоѓа на својата нова позиција и во 2006 година заслужува повик во првиот тим, но никогаш неодиграл ниту еден официјален натпревар за клубот.

Удинезе уреди

Исла имаше забележителен настап на Светското првенство за играчи до 20 години 2007 година во Канада, па им запаѓа за око на скаутите на Италијанскиот тим Удинезе кој го доведува во својте редови истото лето. Маурисио потпишува петгодишен договор со тимот. Својот прв официјален настап за Удинезе го има на 19 декември 2007 година во натпревар од Купот на Италија против Палермо, што завршува 1-1. Во првите натпревари на Удинезе е користен по крилните позиции во одбраната лево и десно, а подоцна почнува да игра и понапред во средината на теренот како лево и десно крило, но добро се снаоѓа и како внатрешен играч за врска.

Откако Симоне Пепе го напушта клубот, Исла најчесто игра како десно крило во 3-5-2 формација, а Удинезе игра многу солидно таа сезона и завршува на одличното 4. место. Во сезоната 2011-12 Исла и понатаму игра во средината на теренот како десно крило во 4-1-4-1 или 4-4-1-1 формација кој ги практикува нивниот тренер Франческо Гвидолин. Својот прв официјален натпревар во сезоната го игра против Арсенал во квалификациите за Лигата на шампионите.

Јувентус уреди

На 15 јуни 2012, Јувентус објави дека Маурисио Исла успешно ги одработил медицинските прегледи и дека ќе потпише договор со нив за престојната сезона 2012-13. Тој потпишал за Јувентус во пакет со соиграчот од Удинезе, Квадво Асамоа, а Јувентус за нив двајцата платил околу 30 милиони евра. По потпишувањето на договорот со Јувентус, Исла изјавил дека доаѓањето во клубот за него претставува исполнување на сонот и е среќен што ќе игра заедно со својот сонародник Артуро Видал. Исла изјавил за TVN:

"Ова е остварување на сонот: Ние ќе се обидеме да бидеме најсилниот тим во Италија. Тоа е важно за мене како играч, но тоа е, исто така, од витално значење за моето семејство. Јас работев со години за да дојдам до оваа точка во мојата кариера. Во Удине станав професионалец. Но секогаш сум велел дека порано или подоцна јас ќе одам во поголем клуб како Јуве. Таму ќе можам да се борам за трофеи. Сакам да играм и да освоиме нешто важно, како Лигата на шампионите"[1]

Поради повреда не одиграл ниту еден натпревар во подготвителниот дел од сезоната. Тој исто така ги пропуштил и суперкупот и почетокот на сезоната во Серија А. Дебито на Исла за Јувентус дошло на 19 септември, кога тој влегол во игра како замена за Стефан Лихтштајнер во 77-мата минута во натпреварот од Лигата на шампионите против Челзи на Стемфорд Бриџ.

Заемот во Квинс Парк Ренџерс уреди

Враќање во Јувентуси заемот во Олимпик Марсеј уреди

Каљари уреди

Фенербахче уреди

Титули уреди

  Јувентус уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Isla: Juventus move will be a dream come true“. Goal.com. 27 June 2012. Посетено на 28 June 2012.