Матеја Кежман

српски фудбалски репрезентативец

Матеја Кежман (српска кирилица:Матеја Кежман,роден на 12 април 1979 година во Белград) — српски фудбалер кој негов последен клуб за кој настапувал е тимот од првата дивизија на Хонгконг, Јужна Кина.

Матеја Кежман
Лични податоци
Полно име Матеја Кежман
Роден на 12 април 1979(1979-04-12)(44 г.)
Роден во Белград, СФРЈ
Висина 1.79
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Смедерево
Број 9
Младинска кариера
1986–1996 ФК Земун
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996–1997 ФК Раднички Пирот 17 (11)
1997 ФК Лозница 13 (5)
1998 ФК Смедерево 14 (4)
1998–2000 Партизан 54 (33)
2000–2004 ФК ПСВ Ајндховен 122 (105)
2004–2005 ФК Челзи 25 (4)
2005–2006 ФК Атлетико Мадрид 30 (8)
2006–2009 ФК Фенербахче 46 (20)
2008–2009ФК Париз Сен Жермен (п) 21 (3)
2009–2010 ФК Париз Сен Жермен 14 (2)
2009ФК Зенит Санкт Петербург (п) 10 (2)
2011 ФК Јужна Кина 6 (2)
2011 ФК Батње Борисов 6 (0)
2012 ФК Саут Чајна 0 (0)
Репрезентација
2000–2006 Србија 49 (17)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Клупска кариера уреди

На деветнаесет годишна возраст Кежман потпишал за Партизан.За две сезони во клубот Кежман се покажал како плодоносен голгетер и стана познат меѓу навивачите на клубот. Тој постигнал вкупно 33 голови на 54 натпревари и исто така бил најдобар стрелец во државното првенство во сезоната 1999-00 година.Во летото 2000-тата година, Кежман го комплетирал преминот во холандскиот ПСВ Ајндховен. Во неговата дебитантска сезона тој постигна 24 погодока на 33 натрпевари и со тоа стана најдобар стрелец во лигата.Исто така тој се здоби со името "Бетмен"поради познатата музика која се пушташе на Филипс стадионот секогаш кога поентираше Кежман.Тој создаде големо партнерство со Арјен Робен и го добија епитетот "Бетмен и Робен"игра на зборови од Бетмен и Робин.Кежман успеал да постигне 81 гол во трите сезони кај ПСВ и со тоа станал прв играч во холандското првенство што некогаш постигнал повеќе голови од бројот на одиграни натпревари во сезони една по друга, пред конечно да премине во англискиот Челзи во летото 2004-та година. Покрај тоа што го постигнал голот во победата од 3-2 по продолженија против Ливерпул во финалето од Карлинг купот, Кежман не успеа да остави добар впечаток во лондонскиот клуб,со постигнувањето на 7 гола во сите натпреварувања.По една сезона во Челзи тој преминал во Атлетико Мадрид, додека Челзи заработил минимален профит од овој трансфер. По солидната сезона во Мадрид, Кежман премина во Фенербахче каде потпишал четиригодишен договор. Кежман придонел неговиот тим да ја освои турската Супер лига во сезоната 2006-07 токму на стогодишнината на клубот. На 18ти август Кежман потпишал за Париз Сен Жермен,на едногодишна позајмица со клаузула за откуп.Тој настапил на 21 натпревар, каде најчество влегувал го игра како резерва и постигнал три гола. На 30 август 2009 година Кежман му се придружил на Зенит Санкт Петерзбург на позајмица до крајот на сезоната со можност за купување за неодредена сума. Наредниот ден и официјално се потврдил трансферот откако играчот успешно ги поминал медицинските прегледи.Тој постигна 2 гола за Зенит и му помогнал на тимот да заврши на третото место во руската Премиер Лига, но рускиот клуб одлучил да не ги задржи неговите услуги и тој се вратил во Париз во јануари 2010 година.На 3 ноември 2010 година договорот на Кежман со ПСЖ се прекинал по заедничка согласност. На 20 јануари 2011-та,стигна Кежман се согласил да игра за Јужна Кина до крајот на сезоната 2010-11 во хонконгшката прва фудбалска лига. Кежман дебитирал на 29 јануари 2011та година против НТ Реалти Вофу Тај По кој загубил со 1-0.Тој бил заменет со Леунг Чунг Понг во 64та минута.На 13 февруари 2011та година во полуфиналето од Лига купот против Кичи, Кежман го постигна првиот гол за клубот во 32-та минута и вториот гол на седум минути пред крајот. Јужна Кина победила со 4-2 против Кичи и влесе во финалето. На 13 април 2011-та,во купот на азијската фудбалска федерација во групата Х во натпревар против екипата Кингфишер Ист Бенгал, Кежман го постигна првиот гол во тоа натпреварување во 69-тата минута со удар со глава, по асистенција на Ау Јеунг Јиу Чунг.Неговиот гол помогнал Јужна Кина да осигура победа и да се искачи на третата позиција во групата, но тој исто така заработил жолт картон на тој натпревар што бил негов втор на турнирот и го пропушти натпреварот на гости против Ист Бенгал. До крајот на неговата славна кариера, тој освои рекорден број на шампионски медали во првенствените натпревари од пет различни земји.[1]

Меѓународна кариера уреди

Кежман на меѓународната сцена дебитирал за ФР Југославија во март 2000 година со гол против Кина во пријателски меч како дел од подготовките за Уефа Еуро 2000.Главниот тренер Вујадин Бошков го вклучи во списокот на конечните 23 кои ги зема за Белгија и Холандија.И покрај тоа што Кежман беше четврта опција во нападот покрај Предраг Мијатовиќ, Саво Милошевиќ и Дарко Ковачевиќ, 21 годишниот фудбалер добил шанса како замена при крајот на мечот од групата против Норвешка.Сепак и покрај тоа што беше на теренот околу 90 секунди,заработи исклучување поради жесток старт над Ерик Микланд. Во февруари 2003,по засрамувачки перформанси на тимот за време на квалификациите за Уефа Еуро 2004, Кежман најавил дека се пензионира од националниот дрес.Сепак Кежман по неколку месеци се врати во тимот по назначувањето на Илија Петковиќ за нов тренер.Кежман го предводел нападот на Србија и Црна Гора во квалификациите за светското првенство 2006 година со 5 постигнати гола,вклучувајќи го и единствениот гол против Босна и Херцеговина во последниот меч што всушност и овозможи на неговата земја да се пласира директно освојувајќи прво место во групата.За време на натпреварувањето тој доби исклучување на мечот против Аргентина од судијата Роберто Розети.Поради тоа, тој повеќе не беше повикуван на ниту еден пријателски ниту официјален натпревар за Србија.За време на неговото шестгодишно играње за репрезентацијата Кежман успеа да постигне 17 гола на 49 натпревари.

Контраверзност уреди

Еден ден по неуспехот на неговиот тим Јужна Кина да влезе во 16 финалето од купот на азијската федерација 2011 и тоа поради поразот од индонезискиот тим Персипура Јауапура,Кежман јавно изјави дека овој куп е чуден и некако глупав.Тој го обвини топлото време и долгиот пат до Јауапура како главни фактори за неуспехот на неговиот тим.Многу фудбалски навивачи во Индонезија ја оценија изјавата на Кежман како недолична за еден професионалец како што е тој.

Наводи уреди

  1. „Runs, records and retirement“. FIFA. 15 May 2013. Архивирано од изворникот на 2014-12-18. Посетено на 16 May 2013.