Материјализам

филозофска теорија

Материјализам е филозофски правец во онтологијата спротивен на идеализмот. Материјализмот тргнува од тоа дека светот по својата суштина е материјален; дека материјата, природата, постои надвор од свеста и независно од свеста, дека материјата е првобитна и претставува извор на човековите сетила, сметајќи го спознанието, како и свеста, духот воопшто, за секундарни, за нешто што е произведено од влијанието на материјата и човековата сетилна пракса. Всушност, материјализмот поучува дека светот и сите негови законитости можат да се спознаат и дека тоа спознание се случува постепено, но прогресивно, издигајќи се од елементарните претстави за светот, па сѐ до неговата суштина.

Материјализмот и духовното уреди

Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, во нашата памет и во нашите способности сè е од материјална природа. Дури и зборот е нешто материјално, а идејата, поврзана и изедначена со зборот, е некако материјализирана. Нашето паметење, како и нашите духовни способности, не можат ништо точно да замислат, освен ако сè не ѝ потчинат на самата материја.[1]

Поделба уреди

Според вообичаената, класична поделба на материјализмот, постојат три вида или форми на материјализмот:

Антички материјализам уреди

Првите филозофи што се појавиле во рамките на западноевропската филозофија, како што е Милетската школа, биле материјалистички ориентирани.

Метафизички материјализам уреди

Метафизичкиот материјализам својствен за француските филозофи од XVIII век, меѓу кои се: Пол Холбах, Ламетри, Хелвециус.

Дијалектички материјализам уреди

Дијалектичкиот материјализам својствен е за дел од марксистички ориентираните мислители, макар што овој термин не се среќава ниту кај Карл Маркс, ниту кај Фридрих Енгелс.

Некои дилеми околу поделбата на материјализам и идеализам уреди

Според некои посовремени мислења оваа поделба е веќе застарена и несоодвестува на сознанијата на современата наука.

Наводи уреди

  1. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 111.