Марчино

село во Општина Пробиштип

Марчино (или Маричино) — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Марчино
Маричино

Воздушен поглед на Марчино

Марчино во рамките на Македонија
Марчино
Местоположба на Марчино во Македонија
Марчино на карта

Карта

Координати 42°01′29″N 22°10′38″E / 42.02472° СГШ; 22.17722° ИГД / 42.02472; 22.17722
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Осоговија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21021
Надм. вис. 700 м
Марчино на општинската карта

Атарот на Марчино во рамките на општината
Марчино на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Пробиштип, неколку километри оддалечена од градот Пробиштип, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кратово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 700 метри.[2]

Лежи источно од Кундино, западно од Добрево и неколку километри северно од Пробиштип.

До селото се стигнува преку градот Пробиштип, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.

Историја уреди

Во октомври 1910 година селото настрадало за време на разоружувачката акција на младотурците. Неколку лица се убиени и ранети од властите.[3]

Стопанство уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 5,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 252 хектари, на шумите отпаѓаат 159 хектари, а на пасиштата 147 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948324—    
1953341+5.2%
1961365+7.0%
1971253−30.7%
1981228−9.9%
ГодинаНас.±%
199150−78.1%
199438−24.0%
200226−31.6%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Марчино живееле 200 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Марчино имало 272 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Селото во 1961 година било средно по големина, со 365 жители, а во 1994 година преминало во мало село по големина, со 38 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Марчино живееле 26 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 272 324 341 365 253 228 50 38 26 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Општествени установи уреди

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика уреди

Кон крајот на XIX век, Марчино било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Марчино, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Добрево, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Кундино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Добрево, во која влегувале селата Добрево, Дреново и Марчино.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1555 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 32 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[15]

Личности уреди

Родени во или по потекло од Марчино
  • Димитар Стефанов (1899–1970) — револуционер, терорист на ВМРО[16]
  • Мане Тасев (1882–1922) — деец на ВМРО, загинал во борба со српски единици на 8 јули 1922 г.[17]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 192.
  3. Дебърски глас, година 2, брой 28, 7 ноември 1910, стр. 4.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 222.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 ноември 2022.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Локални избори 2021“. Посетено на 26 ноември 2022.
  15. „Парохии при храм Света Богородица - Пробиштип“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2021-01-21. Посетено на 15 јануари 2021.
  16. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.
  17. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 – 1924, Льовен, 1965, стр. 704.

Надворешни врски уреди