Марти Оива Калеви Ахтисари (Martti Oiva Kalevi Ahtisaari, 23 јуни 1937 - 16 октомври 2023) — поранешен претседател на Финска како и дипломат и медијатор на Обединетите Нации. Бил и специјален пратеник на Обединетите Нации за статусот на Косово и Метохија.

Марти Ахтисари

Марти Ахтисари доби Нобелова награда за мир во 2008[1] „за повеќедецениско ангажирање и посредување во воспоставувањето на мирот и решавањето на конфликтите на повеќе континенти“.[1] Ахтисари е почесен доктор на повеќе познати универзитети, меѓу кои се Московскиот и Киевскиот.

Дипломатска кариера уреди

Марти Ахтисари е познат меѓу светските политичари, дипломати и аналитичари. Репутацијата ја стекнал како дипломат во Министерството за надворешни работи на Финска, а потоа и како дипломат кој посредувал, оценувал, договарал и пресудувал по однос на многу актуелни прашања (во Израел ја испитувал акцијата на израелските сили во бегалските логори, во Северна Ирска се вовлекувал во тајните бази на ИРА).

Претходно, Ахтисари бил амбасадор на Финска во Танзанија, Мозамбик, Замбија и Сомалија.

Во тоа време извршувал повеќе важни функции во институциите кои се занимавале со економската помош за земјите во развој, а во 1987 година станува заменик-секретар во Обединетите Нации. Во Намибија бил специјален претставник на Обединетите Нации од 1978 година до раните 90-ти. Во Намибија преговорите за независноста траеле повеќе од десет години: Ахтисари пишувал дека најтешко било луѓето кои учествувале во преговорите да сфатат дека ништо поповолно нема да им биде понудено ни подоцна.

Намибија во знак на признание и благодарност кон Ахтисари, го прогласила за почесен граѓанин. Следната година станува министер за Надворешни работи на Финска, а во 1992-1993 година претседава со меѓународната конференција за СФРЈ. Тој е специјален претставник на генералниот секретар на ОН. Во мај 1999 година доброволно се понудил да биде неутрален претставник во преговорите за прекинување на војната на просторот на бившата СФРЈ. Посредувал меѓу рускиот претставник Виктор Черномидрин и американскиот Строб Талбот.

Претседател на Финска уреди

Иако никогаш не бил активен на домашната политичка сцена, како кандидат на Социјалдемократската парија победува во февруари 1994 година на претседателските избори. Станува првиот претседател на Финска кој е избран на непосредни избори со гласовите на сите гласачи. На функцијата претседател останува до 2000 година. Благодарение најмногу на неговата политика и неговиот личен ангажман, Финска официјално станува членка на Европската унија во 1995 година. Во Финска стекнал голема популарност поради успешните дипломатски мисии, но и отворени критики поради војната во Персискиот Залив, поради што ја изгубил наклонетоста на САД.

Специјален пратеник за Косово и Метохија уреди

Бившиот генерален секретар на Обединетите Нации, Кофи Анан, го именувал за специјален пратеник на ОН во преговорите за идниот статус на Косово и Метохија.

Кон крајот на јуни и почетокот на јули 2007 година во многу балкански гласила се појавила веста дека Ахтисари примал мито од албанската мафија. Цифрите се движат од 2 до 40 милиона евра. На крајот од јуни 2007 година првата вест за мито ја демантирала канцеларијата на Марти Ахтисари, но веќе на почетокот на јули германските известувачки служби наведуваат дека Ахтисари примил мито а тоа го потврдил и Глобалниот информативен систем. И претседателот на американскиот совет за Косово и Метохија - Џим Џатрас потврдил да има сознанија за примањето мито од страна на Ахтисари.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди