Мартин Петјов Петров (роден на 15 јануари 1979) — бугарски фудбалер, кој во моментов игра за Болтон Вондерерс во Чемпионшип лигата.

Мартин Петров
Martin Petrov
Лични податоци
Роден на 15 јануари 1979(1979-01-15)(45 г.)
Роден во Враца, Бугарија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Болтон Вондерерс
Број 10
Младинска кариера
Ботев Враца
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995–1996 Ботев Враца 18 (4)
1996-1998 ЦСКА Софија 25 (6)
1998–2001 Сервет 77 (27)
2001-2005 Волфсбург 126 (31)
2005-2007 Атл. Мадрид 49 (3)
2007-2010 Манчестер Сити 59 (9)
2010- Болтон 61 (7)
Репрезентација
1999- Бугарија 89 (19)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

Клупска кариера уреди

Петров ја започнал својата кариера во Ботев Враца. По неколку добри сезони, таму тој потпишал со еден од најголемите бугарски тимови ЦСКА Софија за кој одиграл два одлични натпревари во Купот на УЕФА против Сервет што ги навело швајцарците да го доведат во својот тим, тогаш 19-годишниот Петров, за сума од 1,2 милиони германски марки.

Од Сервет тој подоцна се преселил во Волфсбург, каде што се етаблира како многу брз и експлозивен играч. Во летото 2005 година, тој бил купен од страна на шпанскиот Атлетико Мадрид за сума од 10.000.000 €.

На 24 јули 2007 година, откако постојано се ширеле шпекулации дека Петров сака да го напушти клубот, од Атлетико Мадрид ја објавиле цената на играчот која изнесувала £ 6,2 милиони. Подоцна истиот ден Петров го напуштил тренинг кампот на Атлетико Мадрид за да размисли за неговата иднина, односно каде да ја продолжи кариерата во Тотенхем или пак во Манчестер Сити кој наводно во тој момент биле најзаинтересирани за него.

На 25 јули, излегол извештаи во шпанскиот печат во кој пишува дека Петров веќе ги договорил условите треба да ги одработи само медицинските тестови во Манчестер за да го финализира својот трансфер на Истлендс. Манчестер Сити. Следниот ден Манчестер Сити го потврди трансферот на Петров за £ 4,7 милиони евра од Атлетико на три-годишен договор.

Манчестер Сити уреди

За Манчестер Сити дебитирал во победата над Вест Хем Јунајтед со 2-0. Својот прв погодок за новиот клуб го постигнал на 22 септември 2007 на гостувањето кај Фулам за да го израмни резултатот на 1-1 во 36 минута. Подоцна на истиот натпревар Петров постигнува уште еден погодок носејќи му водство на својот тим од 3-2 во 60 минута, но накрајот натпреварот завршува нерешено 3-3. Првата сезона во сината половина на Манчестер беше одлична за Петров кој одигра 34 натпревари во Премиер лигата и сите како стартер, а постигнал и пет гола. Следната сезона тој се мачеше со повреди и одиграл само 338 минути на теренот во 9-те натпревари во кој настапил. Со доаѓањето на богатите сопственици во Манчестер Сити и бројот на квалитетни фудбалери се зголемува па во сезоната 2009-10 Петров многу почесто е резерва отколку стартер. Сепак, тој одигра 16 натпревари во кој успеал да постигне и 4 голови. На 8 јуни 2010 Манчестер Сити потврдува дека нема да ги продолжи договорите со четворица играчи: Мартин Петров, Бенџани Мварувари, Силвињо и Карл Мур.

Болтон уреди

Откако стана слободен играч Петров му се приклучи на Болтон на 22 јуни 2010. Тој го постигна својот прв погодок за Болтон против Манчестер Јунајтед во ремито 2-2 на Рибок. Иако Петров играше одлично и беше еден од клучните играчи на тимот постигнувајќи 4 гола, на крајот од сезоната 2011-12 Болтон испадна од Премиер лигата. Покрај тоа што веќе беше на возраст од 33 години, Петров сепак реши да остане во клубот продолжувајќи го својот договор за уште една сезона.

Титули уреди

  ЦСКА Софија уреди

  Сервет уреди

  Атлетико Мадрид уреди

Надворешни врски уреди