Марсили — голем подводен вулкан кој се наоѓа во Тиренско Море, на околу 175 километри јужно од Неапол.

Марсили
Марсили is located in Италија
Марсили
Марсили
Марсили (Италија)
Длабочина на врвот−450 м (−1,476 ст)
Висина3,000 м (9,800 ст)
Местоположба
МестоположбаТиренско Море
Coordinates39°15′00″N 14°23′40″E / 39.25000° СГШ; 14.39444° ИГД / 39.25000; 14.39444
ЗемјаИталија
Геологија
ТипПодводен вулкан
Вулкански лак/појасЛипарски лак

Опис уреди

Должината на вулканот е околу 3.000 метри (9.800 стапки). Неговиот врв и кратер се околу 450 метри под морската површина. Иако никогаш не се појавил над водната површина во запишаната историја, вулканолозите веруваат дека Марсили има релативно кревка структура, составена од ниска густина и нестабилни карпи кои се хранат со основната плитка магматска комора[1] . Вулканолозите од италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) на 29 март 2010 година објавиле дека Марсили може да еруптира во секое време и може да доживее катастрофален колапс што одеднаш ќе ослободи огромни количини на магма преку подморска ерупција и би предизвикал лизгање на земјиштето, кое пак би можело да доведе до деструктивно цунами на италијанскиот брег и блиските средоземни крајбрежја[2].

Геоморфологија уреди

Марсили припаѓа на вулканскиот лак Липарски Острови, долг 70 километри и широк 30 километри (покривајќи површина од 2.100 квадратни километри). Тој е најголемиот активен вулкан на ланецот, поголем од планината Етна. Вулканот бил откриен во текот на 1920-тите и именуван по италијанскиот геолог Лујџи Фердинандо Маршили. Опсежните студии биле спроведени само во 2005 година, кога Италијанскиот Национален совет за истражување започнал програма за истражување на вулканологијата на ова подрачје.

Вулканот се издига од плато на тенка океанска (или псевдоокеанска) кора со дебелина од само 10 километри, која формира свој морски слив. Кората на сливот е направена од толеитскибазалт, кој е најтипичен за задниот дел од океанските вулкански лакови. Се чини дека сливот на Марсили се формирал пред околу 2 милиони години како последица на растот на вулканскиот лак и на планината. Се смета дека Марсили може да биде резултат на топлинска инфлација на тенка кора во центарот на сливот. Почетокот на активноста на вулканот најверојатно да се појавил уште пред 200.000 години. Биле пронајдени докази за магматски текови на планинските страни. Исто така бил пронајден и доказ за катастрофални падови на претходни други подводни вулкани во истата област.

Наводи уреди

  1. Caratori Tontini F., Cocchi L., Muccini F., Carmisciano C., Marani M., Bonatti E., Ligi M., and Boschi E., Potential-field modelling of collapse-prone submarine volcanoes in the Southern Tyrrhenian Sea (Italy), Geophysical Research Letter 37 (2010), L03305, doi:10.1029/2009GL041757.
  2. „Undersea volcano threatens southern Italy: report“. AFP. March 29, 2010. Посетено на August 16, 2014.